Мајка на ученик по масакрот во Србија: „Чуварот Драган го носеше мојот син во раце кога му беше скршена ногата“

„Чичко Драган Влаховиќ го носеше мојот син од кабинет во кабинет кога ја скрши ногата за да не губи од настава“, пишува мајка на ученик од училиштето „Владислав Рибникар“ за убиениот чувар кој немал деца, но учениците ги сакал како свои.

majka-na-uchenik-po-masakrot-vo-srbija-za-ubieniot-chuvar-chichko-dragan-go-noseshe-mojot-sin-vo-race-koga-mu-beshe-skrshena-nogata-01.jpg

Српската актерка Милена Радуловиќ сподели вирална објава од мајка на еден ученик од училиштето „Владислав Рибникар“, каде во масакар седмoодделенец уби 8 ученици, како и еден возрасен.

Во оваа трагедија настрада чуварот на училиштето Драган Влаховиќ, за кој многу родители велат дека бил херој и спасител на нивните деца.

Така, една мајка стана вирален хит со фотографија на која Драган го носи во раце нејзиниот син.

Нејзината емотивна објава гласи:

„Чичко Драган Влаховиќ го носеше мојот син од кабинет во кабинет кога ја скрши ногата за да не губи од настава, во време кога после короната се врати во петто одделение“.

majka-na-uchenik-po-masakrot-vo-srbija-za-ubieniot-chuvar-chichko-dragan-go-noseshe-mojot-sin-vo-race-koga-mu-beshe-skrshena-nogata-02.jpg

Српските медиуми пишуваат дека на погребот на Драган имало многу луѓе, меѓу кои и многу негови ученици, но и млади кои некогаш биле ученици во училиштето каде што работел.

Тој немал деца и сите нив ги гледал и третирал како свои деца.

Најпотресен момент на погребот бил кога на еден од цртежите оставени за збогум со човекот со големо срце, еден ученик го нацртал Драган како суперхерој.

 

 С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Му роди син на додека тој беше со Софи Мило, сега има уште две деца со друг маж – Што прави бившата ... Софија Мило беше обвинета дека му го растурила семејството на Лука кој на 22 год...
Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Софија Мило за првиот син на сопругот Лука Јовиќ: „Јас сум му маќеа – не му се дерам, тоа не е моја ... „Јас сум му како маќеа. Нас Давид многу ни е важен и важно ни е да е среќен кога...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...

Најчитани неделава