Пар од Србија обожава живот на 4 тркала - одат на авантури со комбе или автобус и со 2 деца и 2 кучиња

„Децата од мали нозе ги учиме на акција, па наместо да им читаме пред спиење за некоја земја од соништата, ние ги носиме таму за да истражат нова локација, средина, навики. Често се прашуваме дали премногу ги малтретираме, дали би биле посреќни ако живееме поинаку...“, велат Ања Вуковиќ и Страхиња Танасковиќ од Србија.

par-od-srbija-obozhava-zhivot-na-4-trkala-odat-na-avanturi-so-kombe-ili-avtobus-i-so-2-deca-i-2-kuchinja-01.jpg

Ања Вуковиќ и Страхиња Танасковиќ се авантуристички пар од Србија. Тие пред 6 години одлучиле да дадат отказ од работа и да живеат живот на 4 тркала, односно да патуваат со комбе низ светот.

Сега, 4 години подоцна, по 2 деца и 2 кучиња, тие не се откажуваат од овој животен стил. Некогаш патуваат со наменско опремено комбе, а некогаш пак со специјално адаптиран автобус.

На нивниот Инстаграм профил Whatifness, каде имаат повеќе од 55.000 следбеници, тие неодамна се потсетија како започнало сè.

Нивната објава гласи:

„Од првиот ден кога преспавме во комбе на еден наш другар и се разбудивме на брегот на Атлантикот, знаевме дека никогаш нема да повлечеме рачна.

Шест години подоцна, имаме две деца и две кучиња, но нас и понатаму не нè држи место, затоа што животот во движење е чиста среќа“.

Во едно интервју за српските медиуми тие проговорија за нивниот животен стил.

„Децата од мали нозе ги учиме на акција, па наместо да им читаме пред спиење за некоја земја од соништата, ние ги носиме таму за да истражат нова локација, средина, навики...

Често се прашуваме дали премногу ги малтретираме, дали би биле посреќни ако живееме поинаку, дали недостигот од рутина ќе им попречи во раниот развој, дали во главата се збунети што е тоа дом и што ќе нацртаат еден ден кога наставничката ќе им каже да го нацртаат својот дом – дали тоа ќе биде комбе, автобус или камената викендичка која ја обожаваме...?“

Погледнете како изгледа нивниот животен стил низ фотографии:

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Татко ѝ ја напуштил на 3 години, се омажила на 19, наскоро ќе стане прабаба: Тешкиот живот на Кока о... Дипломирала два месеца по породувањето, на 45 години останала вдовица и веќе ник...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Добрина на дело: Жена во Грција влезе во студеното море за да спаси маче, кое се бореше за живот (ви... „Оваа жена не се двоумеше да влезе во студеното море и да спаси маче кое се боре...
Вирално видео на Србинка: „Јас сум заменик директорка и сум патлиџан турист – со себе носам макарони... „Многу од вас мислат дека ви требаат многу пари за одмор, дека мора да можете да...
„Бев на погреб во Белград, имаш девојка од 27 години лежи и последно збогум - не гледаш партија, ни ... „Кој знае колку луѓе дојдоа. Се чекаше ред. И во тие моменти сè се заборави: пол...
Најдобриот другар го тужел за пари, ги крие девојките – Што знаеме за грчкиот пејач Никос Вертис? Во 2017-та година се најде среде скандал кога најдобриот другар од детството го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg