Снаата на Новак Ѓоковиќ откако ја исмеаја за изгледот: „На една жена која штотуку се породила не ѝ се кажуваат вакви работи“
- Детали
- четврток, 25 мај 2023
„Како успеала да се здебели 21 килограм со вегетаријанска исхрана? Секоја девојка што ќе качи повеќе од 13 килограми во бременоста не се грижи за себе или има проблем со шеќерот или хормоните“, стои во коментарот кој ја налути и навреди српската инфлуенсерка Сашка Веселинов, сопруга на помалиот брат на Новак Ѓоковиќ.
Инфлуенсерката Сашка Веселинов, сопругата на помалиот брат на Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе, објави фотки од теретана и откри дека ослабела 21 килограм откако се породи.
Меѓу коментарите што ги доби, е и еден во кој некој следбеник ја исмева за вишокот килограми и изгледот во време на бременоста. Сашка, го објави коментарот на својот профил и бесно одговори дека е срамотен и навредлив.
„Како успеала да се здебели 21 килограм со вегетаријанска исхрана? Секоја девојка што ќе качи повеќе од 13 килограми во бременоста не се грижи за себе или има проблем со шеќерот или хормоните“, пишува во коментарот.
На ова, српската инфлуенсерка напиша дека е невкусно да се коментира изгледот на штотуку породена жена. Таа откри и дека неодамна дознала дека боледува од Хашимото – автоимуна болест која ја забавува работата на штитната жлезда.
„Прво и основно, многу е важно да го вратиме секојдневното чувство за срам.
На една жена, мајка, која штотуку се породила, и чиј живот се сменил од корен не треба да ѝ се кажуваат вакви работи и да ѝ се врши притисок, ниту да се влијае на низата психолошки проблеми кои може да настанат.
Како што ви напишав и претходно, јас веднаш намалив 15 килограми и тоа ме натера да закажам прегледи и да откријам во што е проблемот, бидејќи и пред бременоста често имав проблем со задржување вода.
Дознав дека имам автоимуна болест, позната како Хашимото. Во прашање е побавна работа на штитната жлезда.
Не сакам да пишувам поопширно, ниту сум расположена за овие теми, а пробувам да го извлечам најдоброто од ситуацијата, но секогаш кога ќе му напишете некому порака со навредлива содржина, знајте дека токму тој коментар може да е капката што ја прелеала чашата. Засрамете се!“ – стои во одговорот на Сашка.
Манекенката и инфлуенсерка се породи во март 2023 и го роди синот Александар.
Оттогаш таа често оди во теретана и вели дека досега намалила 21 килограм, а телото полека го враќа во форма.
Сашка веќе една година не јаде месо, млечни производи и благо, а секое утро на празен стомак пие чаша цеден целер или топла лимонада.
„Кога можам тренирам и двапати дневно. Наутро одам во теретана, а приквечер комбинирам тренинг со брзо одење. Инаку, со Ѓоле веќе една година се храниме вегетаријански.
Порано јадевме месо неколку пати во денот, но не се чувствувавме убаво. Бевме без енергија и надуени, па предложив да направиме детокс и тоа да трае еден месец.
Кога ги видовме резултатите, веќе не сакавме да се вратиме на старите навики во исхраната“ – рече таа во едно интервју.
Инфлуенсерката откри дека појадува јајца и салата, а ако сака нешто слатко, консумира овесни снегулки со бобинки.
„За ручек обично јадам веге бургер од компир, грашок и пченка, а за вечера сакам риба и салата. Меѓу оброците правам пауза од три-четири часа, а во меѓувреме пијам многу вода“, откри таа.
Прочитајте и Новак со погрешно закопчана кошула ја пее „Јутро је“, Јелена не престанува да игра – Семејството Ѓоковиќ го прослави доаѓањето на внукот (видео)
А. Ј. | Црнобело / Фото: Инстаграм
Би можело да ве интересира:





