Северина на 35 години матура со соучениците и класниот: „Им дојдов како маскота, но сепак ми се радуваа“
- Детали
- петок, 15 август 2025
„Сите доктори, амбасадори, професори, новинари - не се бројам себеси, им дојдов како маскота (на која додуша ѝ се веселеа), но со задршка, бидејќи сум сепак изрод во споредба со сите тие препаметни глави“ - напиша Северина и сподели дека се заглавиле во лифт пред забавата, но и уживале до утринските часови со солзи, смеа, песни и прегратки, a откри и еден емотивен момент.

Северина вчера присуствуваше на класен час и забава по повод 35 години матура, а на социјалните мрежи постојано споделуваше сегменти од вечерта.

Прво таа објави повеќе фотки од својот стајлинг, облечена во светлосин впечатлив фустан, со кој го покажа својот префинет и достоинствен стил.

Потоа таа сподели повеќе фотки со соучениците, но и со класниот раководител и напиша некои моменти кои ѝ оставиле најголем впечаток од вечерта.
„Ова беше прекрасна матурска вечер од 35 години со овие прекрасни мали идиоти, односно ние, кои останавме на 18-та година.
Но сите доктори, амбасадори, професори по музичко, гитаристи, педијатри, неврохирурзи, историчари, диригенти и новинари и сите останати професии во кои се најдобри.
Не се бројам себеси, им дојдов како маскота (на која додуша ѝ се веселеа), но со задршка, бидејќи сум сепак изрод во споредба со сите тие препаметни глави“ – напиша таа во првата објава.

На ова таа додаде дека при средбата по долги години имало солзи, смеа, прегратки, шеги, па си споделиле кој до каде е, кој се развел, кој има нова љубов, кој и понатаму е мало идиотче (па се шегува дека конкуренцијата е голема).

Помеѓу многуте фотки и видеа, Северина сподели и емотивен момент, односно фотографија од пријателката Марица Каруза, која трагично настрадала, а за неа ја напишала песната „Prijateljice“, која требала да гласи „Hej Marice, moja prijateljice…“

Но, како што и самата кажува, првенствено ова било средба за да им оддадат почит на професорите, од кои 12 биле присутни, меѓу кои и нивниот класен раководител Звоне.
„Освен што ни ги предаваа предметите, нè научија што е пријателство, почит, размислување со своја глава...
Тие со духовитост прогледуваа низ широките прсти на нашата занесена младост, веселење, но со гордост, бидејќи знаеја дека од нас ќе направат добри и паметни луѓе кои нема да ги казнуваат, туку ќе им всадат критичко мислење и став кон животот“.

По церемонијалниот дел со класот од училиштето „Натко Нодило“, генерацијата која била нарекувана „девојки од културата“, се упатила кон руфтопот на хотелот на 10-ти кат, каде неколку од нив музичарите се заглавиле.

„По 10 минути, погледите веќе не се исти, нервите попуштаат, клаустрофобијата пристига, а докторката меѓу нас ни држи лекции како е ова нормална ситуација.
По 20 минути си велиме можеби сепак требаше да викнеме поп, бидејќи нашата Ненси која има цвеќара продава цвеќиња за на гробишта, па сигурно ќе се потруди да бидам убав леш“ – пишува пејачката со доза на црн хумор.
Кликнете за да го погледнете видеото од лифт:
За среќа, биле спасени од случаен гостин во хотелот, па се качиле пешки до руфтопот каде имале незаборавна забава, за која во 6 наутро си ги споделувале впечатоците и се разделиле со прегратки и солзи.





М. М. | Црнобело / фото: Фејсбук Северина