Северина објави фотки од синот на црковен обред за примање света потврда – момчето пораснато, мајката горда
- Детали
- понеделник, 18 мај 2026
Синот на Северина, Александар, веќе е големо момче со шармантна насмевка, дотеран во одело, а гордата мајка сподели фотки од црковниот обред и големиот ден за него - примање на светата тајна, со што стана член на Католичката црква - заедно со кумата, роднините и пријателите прославија во ресторан со бели декорации со натпис и цвеќиња.

Северина викендов објави фотки од синот Александар и сподели дека имале голем ден за славење во семејството.
Станува збор за кризма, односно црковен обред со кој на синот Александар му беше доделена светата потврда, со што тој стана полноправен, возрасен член на Католичката црква.
Кризма (позната и како Света потврда или миропомазание) е една од седумте свети тајни во христијанството, особено во Католичката црква. Со овој чин, верникот свесно ја потврдува својата вера, добива благодат од Светиот Дух и целосно се вклучува во црковната заедница.
На фотографиите кои ги сподели гордата мајка, Александар е веќе големо, пораснато момче, кое уште ја има слатката и шармантна насмевка, а дотеран е во кремасто одело.

„[Света кризма] Кризманик, кума, мајка... семејството и пријателите ти посакуваат убав, среќен и благословен живот, сине мој прекрасен... 16.05.2026“ – напиша пејачката во описот на објавата.

На фотките се гледа Александар со кумата, но и во прегратка со мајка му и други блиски роднини и пријатели, меѓу кои и неговата баба, а кај еден од подароците, може да се забележи и целосното име на момчето – Александар Михаел Поповиќ.

По црковната церемонија, тие прославиле во ресторан со многу цветни аранжмани, торта со крст и декорации на кои пишува „Александар, света потврда, 16.05.2026“.


Повеќе фотки:







М. М. | Црнобело
