Судот ѝ ги одземал децата, била на лекување од зависности пред да побегне – Која е хрватската пејачка по која трага целиот Балкан?

Таа е мајка на 3 деца на која неколку години ѝ беше забрането да ги гледа децата затоа што била зависничка од алкохол и таблети. Катарина Раутек пред да побегне од болницата била на задолжително лекување од зависности, а сега целиот Балкан трага по неа, откако ѝ се загуби секаков траг. Што знаеме за познатата пејачка која исчезна?

sudot-i-gi-odzemal-decata-bila-na-lekuvanje-od-zavisnosti-pred-da-pobegne-koja-e-hrvatskata-pejachka-po-koja-traga-celiot-balkan-01.jpg

Балканската јавност ja помни како дел од музичкиот бенд E.T. кој во 90-тите години го испеа огромниот хит „Тек је 12 сати“, а сега хрватската пејачка Катарина Раутек повторно се најде во фокусот на јавноста откако хрватските медиуми објавија дека самостојно побегнала од болницата во Загреб, каде што била сместена, по што ѝ се губи секаков траг.

Нејзиното семејство ја замоли јавноста доколку има некакви информации за тоа каде би можела да се наоѓа Катарина, веднаш да се јави во најблиската полициска станица.

sudot-i-gi-odzemal-decata-bila-na-lekuvanje-od-zavisnosti-pred-da-pobegne-koja-e-hrvatskata-pejachka-po-koja-traga-celiot-balkan-02.jpg

Катарина беше дел од Е.Т. во периодот 2005-та до 2016-та година, периодот во кој бендот направи промена на препознатливиот звук.

Во 2016-та година Катарина ја напушти групата Е.Т., а на нејзино место дојде Сара - Елена Менковска. По ова пејачката најавуваше соло кариера.

Инаку, Катарина подолг период го привлекуваше вниманието кај хрватската јавност заради нејзината врска со Крешимир Свитлановиќ со кого ја добила ќерката Габријела.

sudot-i-gi-odzemal-decata-bila-na-lekuvanje-od-zavisnosti-pred-da-pobegne-koja-e-hrvatskata-pejachka-po-koja-traga-celiot-balkan-03.jpg

Катарина го тужеше Крешимир за семејно насилство и тврдеше дека тој ја претепал со палка, а потоа ја доби и пресудата. Првично се тврдеше дека пејачката е зависник од алкохол и дека го изневерува, па честите расправии се последици на тоа, но таа го отфрли таквите тврдења и рече „дека пие алкохол како секој нормален човек“.

„Чекав 4 години за да добијам една пресуда. Четири години секои два месеци одев на суд. Не спиев, повраќав од стрес. Тоа е навистина грозно, не знам како преживеав.

Пресудата не е гаранција. Тоа е повеќе психичко задоволство. Веќе не морам да одам на тој суд, но ситуацијата остана нерешена. Сите што поминале низ насилство ме сфаќаат“ – рече таа по пресудата.

Во 2017-та година Катарина се омажи за бизнисменот Јосип Омажиќ со кого го доби синот Николас и тогаш тврдеше дека е премногу среќна и дека бракот ѝ е неверојатен.

sudot-i-gi-odzemal-decata-bila-na-lekuvanje-od-zavisnosti-pred-da-pobegne-koja-e-hrvatskata-pejachka-po-koja-traga-celiot-balkan-05.jpg

Но, во 2021-ва година хрватските медиуми објавија дека властите ѝ ги одземале мајчинските права и ѝ било забрането да ги гледа сопствените деца. Нејзиниот сопруг Јосип доби целосно старателство над заедничкиот син, но и над синот и ќерката што таа ги има од други вонбрачни врски.

sudot-i-gi-odzemal-decata-bila-na-lekuvanje-od-zavisnosti-pred-da-pobegne-koja-e-hrvatskata-pejachka-po-koja-traga-celiot-balkan-03_copy.jpg

Како причина за ваквата одлука се наведе прекумерното консумирање алкохол и таблети на пејачката. По ова целата грижа за децата му припаднала на нејзиниот сопруг Јосип, додека на Катарина ѝ било дозволено да ги гледа само неколку часа неделно.

sudot-i-gi-odzemal-decata-bila-na-lekuvanje-od-zavisnosti-pred-da-pobegne-koja-e-hrvatskata-pejachka-po-koja-traga-celiot-balkan-04.jpg

Пред да исчезне Катарина била во болница во Загреб, каде што се лекувала од завиности, по наредба на судот.

Б. С. Б. | Црнобело/ фото: Facebook

Би можело да ве интересира:

Поранешната претседателка на Хрватска се преполови - Колинда Грабар (55) ослабе 30kg и изгледа подоб... Во текот на диетата се забранети рафинирани шеќери и полуготови производи, а се ...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Четка за тоалет од 700 евра, радијатори - уметност: Како изгледа стан од 1 милион евра во „Белград н... Еден радијатор во овој стан чини 3.000 евра, но тие навистина наликуваат на умет...
Босанец на 85 години се ожени со 38 години помлада жена: „Со години ѝ помагав додека беше во брак со... „Еден ден таа дојде овде и заплака и ми рече дека веќе не може да издржи со сопр...
Бившиот на Цеца, со малку оседена коса, ужива во љубовта со некогашната Мис Србија – ја преболи пеја... „Сонце, песок, море и ти. Само мој“, напиша новата девојка на бизнисменот Богдан...
Беше во врска со 24 години помлада жена, откако добија син се разделија: Хрватскиот актер од „Изборо... Изнесе скандалозни тврдења дека поранешната партнерка не му дозволува да го глед...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg