Љубовната приказна на Тамара од „Работна акција“: Се венчале на одмор, долго време чекаа да добијат дете
- Детали
- петок, 09 јуни 2023
Со сопругот не можеле да се договорат колку гости да поканат на свадба, па направиле интимна венчавка на Гибралтар. Првото бебе го загубиле поради спонтан абортус, втората бременост ја прекинале, а потоа долго чекале да станат родители – факти за Тамара Грујиќ од „Работна акција“ и сопругот Вик.
Српската емисија „Работна акција“ со Тамара Грујиќ (45) се емитуваше и на македонските програми, а водителката што им помагаше на семејствата во тешка финансиска положба да добијат удобен дом стана меѓу омилените ТВ лица кај нас и во регионот.
Нејзината љубовна приказна е уникатна, а за мајчинството вели дека ѝ е дар од Бога за сите добрини што таа и сопругот ги направиле низ годините.
Во продолжение, неколку интересни факти за Тамара од „Работна акција“:
Тамара Грујиќ својот сопруг Вик Ѓоковиќ го запознала за време на телевизиски проект, каде тој работел како менаџер на локацијата, а таа била задолжена за кастингот. Брзо станале пријатели, а почнале и да се гледаат.
Брзо почнале да живеат заедно, а по само година и пол врска, Тамара и Вук одлучиле да се венчаат. Интересно е што одлучиле да се венчаат на Гибралтар, затоа што не можеле да се договорат околу бројот на гости.
Тамара сакала свадба со 200 гости, а Вук интимна венчавка, но велат дека венчавката за време на одморот била незаборавна.
Вук и Тамара заедно почнале да работат на емисијата „Работна акција“, каде тој е главен продуцент, а таа водителка. Таа вели дека тоа што заедно работат некогаш знае да биде вистински предизвик, но од друга страна има и свои убави страни затоа што постојано се заедно.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





