Никола Јокиќ на баскет со другарите во маало во Сомбор, една седмица откако стана NBA шампион

„Игра со другарите од детството. Ова е повеќе од кошарка, ова е љубов“, „Кога овие момци ќе остарат, ќе им ја покажуваат фотката на внуците и ќе им раскажуваат како на времето го победиле шампионот во маало“, пишуваат фановите на Никола Јокиќ на Фејсбук, откако беше објавена фотка како игра баскет на терен среде ливада со пријателите.

nikola-jokikj-na-basket-so-drugarite-vo-maalo-vo-sombor-edna-nedela-otkako-stana-nba-shampion-01.jpg

Никола Јокиќ отиде да игра баскет со другарите од маало во родниот Сомбор, откако пред една седмица (12.06.2023) стана NBA шампион со Denver Nuggets.

Најдобриот српски кошаркар веднаш по враќањето дома заврши на кошаркарски терен среде ливада, со неколку другари од детството и пријатели.

Моментот го одбележаа со заедничка фотка која беше објавена на Фејсбук групата Denver Nuggets, a која собра преку 37.000 лајкови за еден ден.

nikola-jokikj-na-basket-so-drugarite-vo-maalo-vo-sombor-edna-nedela-otkako-stana-nba-shampion-02_copy_copy.jpg

„Игра со другарите од детството. Ова е повеќе од кошарка, ова е љубов“,

„За жал, Јокиќ не е меѓу најдобрите 5 кошаркари во неговиот град“,

„Се кладам дека капитените прво го бираат него во својот тим“,

„Кога овие дечки ќе остарат, ќе им ја покажуваат фотката на внуците и ќе им раскажуваат како на времето го победиле шампионот во маало“, се дел од коментарите.

Јокиќ, веднаш по победата на Denver и прогласувањето за најдобар играч во NBA, изјави дека едвај чека да си оди дома, во Сомбор кај родителите.

Во јавноста е познат како скромно момче што сака едноставни работи, па за него играњето баскет со другарите во маало е една од омилените активности.

Во родниот град, Јокиќ пристигна незабележано. Но брзо потоа, кошаркарот кој има шест коњи, отиде да ги гледа како се натпреваруваат на коњски трки.

На хиподромот тој беше пречекан со многу аплауз, како вистинска ѕвезда.

Погледнете го видеото од пречекот на Јокиќ:

Прочитајте и Љубовната приказна на Никола Јокиќ - во сопругата се заљубил на прв поглед во средно, од бурмата не се одвојува ниту на терен

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Никола Јокиќ плаче како дете од среќа - прескокнува ограда, трча да си го погали коњот кој победи на... Јокиќ, кој е страстен љубител на коњи, не може да поверува дека негов коњ победи...
Заработува 100.000$ годишно, со Јокиќ летуваа вo Црна Гора за 120€ (по вечер) - Што работи сопругата... Малкумина знаат дека Наталија Јокиќ не живее само од парите на сопругот, кој год...
Никола Јокиќ, и покрај милионите, ги носи ќерките на градски базен за 100 денари и јаде од пластични... Скромниот Јокиќ во Србија не се однесува како ѕвезда и не сака парите да го смен...
Раста е непрепознатлив на одмор на Малта со другарите – ги потстрижал суканиците, ослабен, но со опу... Уште од времето на бракот со Ана Николиќ, Раста беше препознатлив по суканиците....

Најчитани неделава