Никола Јокиќ, и покрај милионите, ги носи ќерките на градски базен за 100 денари и јаде од пластични садови на планина

Скромниот Јокиќ во Србија не се однесува како ѕвезда и не сака парите да го сменат - со пријателите од детството неодамна беше на рафтинг на Тара, па го посетија и планинскиот парк Пива. На Инстаграм се појави фотка од Никола, прегрнат со чуварот на комплексот, седнати на клупа, а пред нив стои храна во пластични садови, за да јадат „од централа“.

nikola-jokikj-i-pokraj-milionite-gi-nosi-kjerkite-na-gradski-bazen-za-100-denari-i-jade-od-plastichni-sadovi-na-planina-01.jpg

Најдобриот светски кошаркар во последниве години, Никола Јокиќ, постојано истакнува дека кошарката му е само работа, а дека неговиот живот е многу повеќе од тоа.

Иако има милиони на својата сметка (неговото богатство се проценува на 120 милиони долари), тој живее нормален, дури и скромен живот.

Секое лето Јокиќ е во Србија, во својот роден град Сомбор, каде што „ги полни батериите“ во паузата од сезоната во НБА.

nikola-jokikj-i-pokraj-milionite-gi-nosi-kjerkite-na-gradski-bazen-za-100-denari-i-jade-od-plastichni-sadovi-na-planina-07.jpg

Таму, Никола дома и не се однесува ниту чувствува како ѕвезда, туку обичен човек.

Тоа го покажа и овој пат, откако ги одведе своите две ќерки на јавен базен, во Кљајиќево, близу Сомбор.

Фотката од таткото со двете ќерки се споделува на Интернет, а во описот стои дека тој бил таму со семејството и пријателите, но дека најголемиот дел од времето го поминал со децата.

Според медиумите, влезот на базенот е 200 српски динари (околу 100 денари) за возрасни, а за децата е 130 динари (околу 75 денари), додека за најмалите не се наплаќа влезница.

nikola-jokikj-i-pokraj-milionite-gi-nosi-kjerkite-na-gradski-bazen-za-100-denari-i-jade-od-plastichni-sadovi-na-planina-04.jpg

Ова е само еден од примерите за тоа колку парите и славата не го сменија Јокиќ низ годините.

Пред неколку недели, заедно со пријателите од детството, тој традиционално беше на рафтинг на Тара, а потоа го посетија и планинскиот парк Пива, каде што се наоѓа Трновачко Езеро.

nikola-jokikj-i-pokraj-milionite-gi-nosi-kjerkite-na-gradski-bazen-za-100-denari-i-jade-od-plastichni-sadovi-na-planina-02.jpg

На Инстаграм се појави фотографија од Никола, прегрнат со чуварот на комплексот, седнати на клупа, а пред нив стои храна пакувана во пластични садови, но и фотка од планина, на која делува како од пластично шише полно со ракија (како што ја чуваат ракијата повеќето Балканци), да му става алкохол во чашка на момче.

„Вистински крал“, „Магичниот Никола“, „Наш!“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

nikola-jokikj-i-pokraj-milionite-gi-nosi-kjerkite-na-gradski-bazen-za-100-denari-i-jade-od-plastichni-sadovi-na-planina-03.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сестрата на Наташа Беквалац со смела фотка од плажа: „Се помислив дали на 40 години треба да објавам... Откако Кристина Беквалац објави провокативна фотка од плажа со долга мотивациска...
Никола Јокиќ плаче како дете од среќа - прескокнува ограда, трча да си го погали коњот кој победи на... Јокиќ, кој е страстен љубител на коњи, не може да поверува дека негов коњ победи...
Никола Роквиќ и сопругата за кризите во љубовта: „Сакавме да се разделиме, венчани сме само во црква... „Јас уште не сум официјално венчана, тоа малку луѓе го знаат. Сакавме да се...
Му ја кинат кошулата, беше цела естрада: Огњен Амиџиќ направи мекици за ќерката Лола и објави прва ф... Десингерица, во свој бизарен стил, му донесе подарок - косилка за трева, Џани пе...
„Се женам со Зорана за да ја обезбедам материјално, не сакам ќерка ѝ да ме вика тато“ - Саша Ковачев... „Знам дека на секоја жена ѝ е сон да се омажи и тоа е, една од причините што вле...
Бившиот сопруг на Марија Микиќ: „Јас не сум татко за секоја втора среда и викенд – нема пресуда што ... Во емотивна објава, на која се гледа како ги зема децата од градинка, Јован, пор...

Најчитани неделава