Хрватка со фотографија од нејзините вљубени родители покажува зошто ѝ се толку високи критериумите во љубовта

„Зошто моите критериуми кон љубовта и партнерите се толку високи? Затоа што израснав со ваква слика, неисценирана. Ги сликав моите мајка и татко, такви какви што се во последните 53 години. Тој спонтано ѝ пријде и ја бакна...“, вели Романа Опачиќ од Загреб.

hrvatka-so-fotografija-od-nejzinite-vljubeni-roditeli-pokazhuva-zoshto-i-se-tolku-visoki-kriteriumite-vo-ljubovta-01.jpg

Романа Опачиќ од Загреб, Хрватска повеќе од 3 децении живее и работи во Германија во областа на психологијата, а и сега работи како лајф коуч.

Таа на својот Инстаграм профил постојано споделува нејзини ставови и мудри мисли, но сепак најмногу внимание поттикна со фотографијата од нејзините вљубени родители, која ја објави минатата година, но постојано се навраќа на неа.

Нејзините родители, иако се на поодмината возраст, изгледаа вљубено, а татко ѝ ја бакнува мајка ѝ во чело.

Описот на Романа на оваа фотографија, во кој ќе се пронајдат многу девојки и жени гласи:

„Зошто моите критериуми кон љубовта и партнерите се толку високи? Затоа што израснав со ваква слика, неисценирана. Ги сликав моите мајка и татко, такви какви што се во последните 53 години.

Тој спонтано ѝ пријде и ја бакна, 53 години почит, разбирање и голема љубов.

Тоа што сме го гледале како деца, често го бараме и очекуваме дека и за другите тоа е нормално“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мапа покажува каде се појавувала отровната „риба-зајак“ во Грција (и каде би можела да се појави лет... Отровната риба-зајак почнала да се појавува во водите на Грција околу 2003 годин...
Српски актер (51) за скандалозната врска со 23 години помладата девојка: „За мене најважно беше син ... „Јас веќе не барам одобрување... За мене најважно беше мојот син да ја прифати“,...
Жељко Бебек има 4 деца од 3 брака - втората ќерка се крие од јавноста, најмалите деца ги крсти по ро... Жељко Бебек, кој неодамна го прослави 80-тиот роденден е горд татко на 4 деца - ...
Синот на Лепа Брена и Боба ужива на јахта со родителите – се бања со татко му, позира во Позитано со... Виктор, синот на Лепа Брена и Боба, објави фотки од семејниот одмор со родителит...
Хрватска пејачка со апел: „Жената не треба да му биде роб на мажот, и на децата - нема мама е мама, ... „Јас самата сум си секогаш приоритет. Ако сум ненаспана, нервозна или уморна, то...
Сале Тропико за разделбата со Јована Пајиќ: „Ме болеа нејзините солзи, љубовта не треба да боли“ „Кога ќе дојде до развод на брак тоа е едноставно завршена приказна, но преживеа...

Најчитани неделава