„Те сака тато“ - Тарик Филиповиќ му честиташе 20-ти роденден на посинокот, од првиот брак на неговата сопруга

Кога има вистинска љубов, тогаш крвната врска и не е важна... Тарик Филиповиќ, некогашниот водител на „Кој сака да биде милионер“ буквално му е како вистински татко на својот посинок Дино. Тој емотивно му честиташе роденден со фотографиите направени за време на семејното патување во Истанбул.

te-saka-tato-tarik-filipovikj-mu-chestitashe-20-ti-rodenden-na-posinokot-od-prviot-brak-na-negovata-sopruga-ubavica-01.jpg

Тарик Филиповиќ е босанско-хрватски актер и ТВ презентер, кој на нашата јавност ѝ е најпознат како водител на хрватската верзија на квизот „Кој сака да биде милионер“.

Тој се ожени со прекрасната Лејла Филиповиќ во 2007 година, а како свој го прифати нејзиниот син од првиот брак, Дино.

Подоцна, парот го доби и заедничкиот син Арман (15).

На крајот од 2022 година Тарик и Лејла прославија 15 години брак, а тогаш Тарик објави:

„Си рековме да пред да дојде (тогаш) новата 2008 година.

Реков „да“ и помислив ја земам и во добро и во зло и во среќа и во тага и во солзи и во смеа и така првите 15 минаа само со добро, среќа, многу смеа, па што друго да посакам во следните 50?“

Дека Тарик му е буквално како вистински татко на својот посинок Дино  доказ е и роденденската честитка која му ја посвети на Инстаграм по повод неговиот 20-ти роденден.

„Среќен 20-ти роденден на моето големо момче и некоја секоја наредна година ти биде сè поубава, поисполнета и позабавна.

Нека желбите ти се исполнуваат една по друга и не грижи се светот на возрасните не е така страшен и сериозен. Те сака тато!“

Инаку, семејството е заедно на патување во Истанбул, од каде и ги објавија роденденските фотографии на Дино.

Повеќе фотографии од Тарик со сопругата:

Прочитајте и Сопругата на Тарик Филиповиќ во петтата деценија изгледа како 20-годишна девојка (фото)

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопруга на српски фудбалер купи бебешка количка за ќерка ѝ од 3.200 евра - мислењата поделени Фудбалскиот голман Предраг Рајковиќ заработува одлично, па неговата сопруга Ана ...
Синот на Лепа Брена и Боба ужива на јахта со родителите – се бања со татко му, позира во Позитано со... Виктор, синот на Лепа Брена и Боба, објави фотки од семејниот одмор со родителит...
Синот (13) на Северина израсна во тинејџер - Уживаат на скијање во Австрија (фото) „Ние поминавме низ еден тежок животен пат, но тој сега е со мене и израсна во ед...
Синот на Лепа Брена пече леб и спрема казан со чварки – Подготовки во луксузниот дом за славење Св. ... Малиот син на Лепа Брена и Бобо, Виктор, секогаш помага во подготовките за куќна...
Јелена Ѓоковиќ: „Се чувствував невидлива, бев анксиозна - зошто е тешко да се биде сопруга на Новак ... „Бев анксиозна, тоа ме уништи. Ја уништи мојата слика за самата себе. Некогаш ме...
Милица Тодоровиќ објави први фотки од синот и ѝ честиташе роденден на мајка си, која најмногу ѝ пома... „Станав мајка во околности кои не се едноставни. Не се ниту црни, ниту бели“, гл...

Најчитани неделава