Србинка на плажа гордо ја покажа стомата на телото за да ги разбие предрасудите: „Ме зјапаат само нашинците“

„Во Србија е срамота ако облечеме дводелен костим за капење. Во Грција на плажа ги препознавате нашинците кои ја вртат главата или ги допираат тие што се до нив, за и тие да се свртат. Не е срамота да се носи стома. Тоа е нашиот живот“, вели Милица Јанковиќ, која по операцијата која ѝ го спасила животот, носи стома на телото.

gledam-nashincite-na-plazha-kako-me-zjapaat-srbinka-gordo-ja-pokazha-stomata-na-teloto-za-da-gi-razbie-predrasudite-01.jpg

Милица Јанковиќ од Белград, мајка на 4 деца, објави своја фотографија во Фејсбук групата „Грчка инфо“ на која гордо покажа дека носи стома на стомакот, а за да ги засрами сите што зјапаат во неа на плажа, но и за да ги охрабри девојките и жените да го живеат животот максимално, иако поради болест, генетика или вродена аномалија не изгледаат како што очекуваат другите.

Стома е хируршки фабрикуван зглоб, кој се поставува помеѓу дигестивниот тракт (тенкото црево, дебелото црево, жолчните канали) и површината на телото, односно кожата.

Стомата преку хируршка процедура се внесува низ ѕидот на стомакот и се поврзува со нефункционален орган од дигестивниот или уринарниот систем, па на тој начин човекот ги исфрла несварени остатоци од храната, урина или измет, во отстранлива кеса која е прикачена на надворешната страна на стомата.

gledam-nashincite-na-plazha-kako-me-zjapaat-srbinka-gordo-ja-pokazha-stomata-na-teloto-za-da-gi-razbie-predrasudite-02.jpg

Во својата објава, Милица раскажува за стигмите со кои се соочува не само таа, туку и многу Срби на кои им е вградена стома по хируршки пат:

„Добар ден, добри луѓе желни за море и Грција. Би се надоврзала на еден вчерашен пост дека добри луѓе постојат.
Да, тоа е точно, но и има луѓе како мене (невидливи херои). 

Ја следам групата долго време и понекогаш пишувам нешто во коментар. Се трудам да помогнам колку што можам. Но, би сакала да ја споделам мојата приказна со вас.
Тоа не е само моја приказна, туку приказна за моите соборци, кои се срамат да одат на море поради погледите на другите... Да облечат костими за капење, да шетаат на плажа.

И ние бевме здрави, но потоа се разболевме и опериравме и добивме нов живот и вреќа (стома), т.е. колостомија, илеостома и уростомија.
Со ова помагало во Србија има околу 4.200 пациенти, а само во Белград со стома живеат 1.500 луѓе.

На море не ни пречат комарците, медузите, брановите. Ја сакам Грција, ги сакам нивните луѓе и странците затоа што не нè гледаат како инвалиди. 
Во Србија е срамота ако облечеме дводелен костим за капење. Во Грција на плажа ги препознавате нашинците кои ја вртат главата или ги допираат тие што се до нив, за и тие да се свртат. 

Не е срамота да се носи стома. Тоа е мојот живот“, вели Милица.

gledam-nashincite-na-plazha-kako-me-zjapaat-srbinka-gordo-ja-pokazha-stomata-na-teloto-za-da-gi-razbie-predrasudite-04.jpgфото: Грчка инфо

Таа им се обрати и на администраторите на групата:

„Се надевам дека ќе ја пуштите мојата објава, не само поради мене, туку и заради другите луѓе на кои им е срам да дојдат на море и да уживаат.“

По објавата Милица доби бројни пофалби и поддршка за храброста да зборува отворено за својот проблем.

„Не е срамота. Мајка ми има стома 10 години и благодарение на тоа е сè уште со нас. Уживајте и не срамете се од вашето тело“, напишал член на групата.

gledam-nashincite-na-plazha-kako-me-zjapaat-srbinka-gordo-ja-pokazha-stomata-na-teloto-za-da-gi-razbie-predrasudite-03_copy.jpg

Поддршка доби и од други членови на групата.

„Браво. Голема поддршка и од мене. Кога би сретнал човек со стома на плажа, би му подала рака и би му честитала на гордоста. Двајцата родители ми носеа стомата, за жал мајка ми веќе не е со нас.

Татко ми носеше осум месеци, храбро издржа хемотерапија и ја извади. Но, знам колку беше засрамена мајка ми и колку ги избегнуваше луѓето и не можеше да ја прифати новата состојба.

Татко ми беше потполно различен. Голема поддршка за сите луѓе со стома и кренете ја главата, вие сте гордост и победа“, напишала друга жена.

Милица е мајка на четири деца. Таа по објавата на Фејсбук, во изјава за српскиот магазин Blic дека нејзината желба е да ја подигне свеста кај луѓето дека нема срам да се носи стома.

„Сакам да ја подигнам свеста кај луѓето дека не е срамота да се има стома. Дека не треба да се криеш, туку да се гордееш. Затоа што ја изборивме најголемата битка во нашите животи“, вели Милица.

А. Ј. | Црнобело / фото: Фејсбук

Би можело да ве интересира:

Први фотки од синчето на Марија Шерифовиќ – го држи во прегратка и го шета на плажа Во костим за капење и маица, Марија Шерифовиќ го прегрнува и нишка своето синче ...
Млад брачен пар од Србија заедно вози камион во САД: „Некогаш е тешко што сме постојно затворени во ... „Откако ќе добиете документи, после само полагате испит за возачка за камион што...
Србинка стана хит на Твитер: Објави видеа на кои се гледа како сопругот ја изневерува со вработена „Сопругот ја изневери со вработена од нивниот сплав, а таа ги објави видеата на ...
Србинка се жали: „Мојата 9-годишна ќерка сама си ги избричила нозете – што да правам?“ Србинка започна дебата на социјалните мрежи откако откри дека нејзината 9-годишн...
Врзани чадори и столчиња, пешкири потпрени со камења – Како се „резервира“ место на плажа во Грција ... Врзани чадори и столчиња кои седат на грчките плажи со денови додека туристите с...
Србинка во инвалидска количка првпат се возеше на скутер на вода со дечкото: „По сите одбивања, ми с... „Поради (не)функционирањето на моето тело, јасно е дека немаше шанси да возам са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg