Факти за Тарик Филиповиќ – го сака посинокот како свое дете, сопругата му е вистинска убавица
- Детали
- сабота, 08 јули 2023
„Никогаш во животот не ни помислував дека ќе се вљубам во жена што веќе има дете“ – изјави во една пригода хрватскиот актер Тарик Филиповиќ, кој е во складен брак со сопругата Лејла од 2008-ма година, а нејзиниот син од првиот брак го сака како свое дете. Прочитајте интересни факти за водителот на хрватската верзија на квизот „Кој сака да биде милионер?“ - перел автомобили за може да студира, ја запросил сопругата на свадба на пријател...
Тарик Филиповиќ е босанско-хрватски актер и ТВ презентер кој на македонската публика ѝ стана најпознат како водител на хрватската верзија на квизот „Кој сака да биде милионер?“.
Важи за еден од најзгодните и најхаризматичните актери и водители, но самиот раскажува дека неговиот пат до славата воопшто не бил лесен.
Во продолжение неколку интересни факти за него што сигурно не сте ги знаеле:
Тарик е роден во 1972-ра година во Зеница во БиХ. Татко му се вика Омер, мајка му Сека, а има и помала сестра која се вика Емина.
Основното и средното образование ги завршил во Зеница, а откако играл во една театарска претстава во Зеница, одлучил дека тоа сака да го работи до крајот на животот.
По завршувањето на средното образование се запишал на Академијата за театар, филм и телевизија во Загреб, каде бил примен по првиот обид, но морал да паузира една година со студиите за да може да го отслужи војниот рок.
По ова, следувал распадот на Југославија, војната во БиХ, па актерот самиот признава дека годините додека бил студент му биле многу тешки во Загреб.
За да преживее морал да разнесува весници, да работи како келнер и работел и во авто-перална, а во една емисија дури призна дека многу му помагале и роднините што живееле во Загреб во тој период.
По завршувањето на студиите веднаш почнал да работи во театар, но најголема слава ќе стекне во 2002-ра година кога во Хрватска ќе почне да се емитува квизот „Кој сака да биде милионер?“ .
Тарик долго време важеше за еден од најпосакуваните ергени во Хрватска, па голем број дами беа разочарани кога во 2006-та година убавиот актер објави дека е во врска со поранешната Мис Хрватска, Лејла Шеховиќ.
Лејла претходно била во брак со тенискиот тренер Дадо Мајоли, со кого го има синот Дино, а во хрватските медиуми почнаа да кружат гласини дека таа ја започнала врската со Тарик, набрзо по разводот со претходниот сопруг.
Прочитајте и Сопругата на Тарик Филиповиќ во петтата деценија изгледа како 20-годишна девојка (фото)
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





