Факти за Тарик Филиповиќ – го сака посинокот како свое дете, сопругата му е вистинска убавица

Тарик и Лејла на почетокот ја криеле врската од јавноста, но во 2007-ма година кога таа ја преземала наградата за Тарик на весникот „Večernji“ затоа што тој задоцнил на церемонијата, па сите дознале дека тие двајца се заедно.

Набрзо по ова, Тарик ја запросил Лејла додека биле на венчавка каде што тој бил кум. Се венчале на 13-ти јануари 2007-ма година, а 2 месеци подоцна тие го добиле синот Арман.

ja-zaprosil-soprugata-na-svadbata-na-prijatel-ima-fobija-od-soobrakjajni-nesrekji-fakti-za-tarik-filipovikj-11.jpg

Тарик присуствувал за време на раѓањето на Арман, а во една пригода раскажа какво било искуството:

„Го снимав породувањето естетски, па максимумот што може да се види се главата и врвовите на колената. Дури и асистирав со една рака.

Нашата бабица ми велеше дека ќе паднам во несвест, но јас бев со камерата. Претходно ги забавував другите жени на боксовите и тоа беше вистинско шоу.

Во тој миг кога нашиот Арман дојде на свет, ми дадоа ножици за да ја пресечам папочната врвка. Сѐ е убаво снимено“.

ja-zaprosil-soprugata-na-svadbata-na-prijatel-ima-fobija-od-soobrakjajni-nesrekji-fakti-za-tarik-filipovikj-10.jpg

Многупати го прашувале за тоа како тој го прифатил синот од претходниот брак на неговата сопруга, а тој јасно нагласува дека Дино го сака исто како да е негово дете.

„Никогаш во животот не ни помислував дека ќе се вљубам во жена што веќе има дете. Но, кога сфатив дека Лејла е вистинската жена за мене и да имаше пет деца, иако знам дека ќе ни беше потешко, немаше да се откажам од неа“ – рече тој.

ja-zaprosil-soprugata-na-svadbata-na-prijatel-ima-fobija-od-soobrakjajni-nesrekji-fakti-za-tarik-filipovikj-06.jpg

Во една пригода Лејла рече дека Тарик е мошне внимателен сопруг, кој ги помни сите важни датуми во нивниот живот, ги слави годишнините и сите прослави и тоа е мошне убаво.

ja-zaprosil-soprugata-na-svadbata-na-prijatel-ima-fobija-od-soobrakjajni-nesrekji-fakti-za-tarik-filipovikj-12.jpg

Во 2013-та година актерот имаше сообраќајна несреќа кога теренско возило налетало на него на пешачки премин, но за среќа тој останал само со помали телесни повреди. Тој во една пригода рече дека секогаш го фаќа паника од сообраќајни несреќи.

„Освен стравот од височина и смртта на блиските, се згрозувам од автомобилските несреќи. Не сакам брзо возење, никогаш не сум ни сакал. Не се чувствувам сигурно кога се возам со преголема брзина“ – рече тој.

ja-zaprosil-soprugata-na-svadbata-na-prijatel-ima-fobija-od-soobrakjajni-nesrekji-fakti-za-tarik-filipovikj-13.jpg

Б. С. Б. | Црнобело/ фото: Инстаграм



Би можело да ве интересира:

Сопругата на Амиџиќ: „Огњен може татко да ми биде, ама не ми е – со две деца е турбо, имам 52kg и не... „Мина е 100% природна, нема ни филери ни пластика, ни на усните“ - ја одбрани Ог...
Еди од Хрватска за животот со ХИВ: „Станав коска и кожа, се отвораа рани, имав СИДА, но решив да се ... „Не влегов во тој однос без заштита, тоа можам да го кажам. но, се случи“, вели ...
Синот на Лепа Брена и Боба ужива на јахта со родителите – се бања со татко му, позира во Позитано со... Виктор, синот на Лепа Брена и Боба, објави фотки од семејниот одмор со родителит...
Сопругата на Никола Роквиќ: „Отидовме сами на Бали на 5 дена – не можев подолго без децата“ „Прв пат без децата на одмор, по речиси 10 години... Од планираните 7 ноќи, скра...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...

Најчитани неделава