Глумеше во спот на Тоше Проески, доби син со оженет маж, се сликаше за „Playboy“: Се сеќавате ли на водителката Рада Раденовиќ?

Српската водителка Рада Раденовиќ отсекогаш ја интригирала јавноста со својот изглед и однесување, но најмногу внимание привлече нејзината бременост и раѓањето на синот Петар, кој го доби со оженет бизнисмен од Црна Гора.

glumeshe-vo-spot-na-toshe-proeski-dobi-sin-so-ozhenet-mazh-se-slikashe-za-playboy-se-sekjavate-li-na-sharmantnata-voditelka-rada-radenovikj-01.jpg

Водителката Радмила Рада Раденовиќ (44) беше една од најпопуларните и најубавите српски водителки во 1990-тите и раните 2000-ти години. Таа беше заштитно лице на ТВ Пинк и долги години го водеше познатото забавно шоу „City“.

Но, македонската публика најмногу ја памети по улогата во спотот на Тоше Проески за песната „Во коси да ти спијам“.

Во тоа време, Тоше беше меѓу најпопуларните млади пејачи, а Рада меѓу најпознатите српски водителки, па оваа соработка ги воодушеви нивните фанови.

Неколку факти за шармантната водителка:

Го доби прекарот „српската Хали Бери“ поради големата сличност со познатата актерка, а мажите со години воздивнуваа по неа.

Таа е и една од првите јавни личности од Србија што се фотографираше за еротскиот магазин „Playboy“ во 2005 година.

glumeshe-vo-spot-na-toshe-proeski-dobi-sin-so-ozhenet-mazh-se-slikashe-za-playboy-se-sekjavate-li-na-sharmantnata-voditelka-rada-radenovikj-02.jpg

Рада имаше своја емисија, „Rada sam“, до 2018 година, а ја водеше и првата сезона на ријалити шоуто „Zadruga“.

Но, по само неколку месеци, водителката целосно се повлече од јавноста.

Водителката секогаш го држела својот приватен живот подалеку од медиумите, и во јавноста скоро и да не се знае за нејзините љубови.

Во 2010 година се шпекулираше дека имала афера со оженетиот црногорски бизнисмен Дејан Милиќ, кој има две деца.

Рада никогаш не зборуваше за тоа, но сопругата на бизнисменот во една пригода ја потврди аферата.

„Со Дејан сме заедно 10 години, а тоа со Рада се случи додека бевме во врска. Тогаш го оставив, не бев со него некое време.

Тој направи грешка и не ми беше лесно да се справам со тоа, но му простив. Знам дека ме сака и тоа е најважно“ - изјави тогаш сопругата на Милиќ.

Од врската, Рада го доби синот Петар за кого денес се грижи сама.

Неколку години по раѓањето на синот, таа проговори за тоа колку ѝ е тешко сама да одгледува дете.

„Мојот најголем страв како родител е детето да не ми излезе од контрола. Јас сум родителот со кој живее, но Петар има и татко кој му е максимална поддршка“ - рече тогаш Рада и призна дека никогаш не живеела со таткото на нејзиниот син и дека веќе не се заедно, но дека детето е плод на една голема љубов.

glumeshe-vo-spot-na-toshe-proeski-dobi-sin-so-ozhenet-mazh-se-slikashe-za-playboy-se-sekjavate-li-na-sharmantnata-voditelka-rada-radenovikj-05.jpg

„Тешко е да се биде единствениот присутен родител во моментите кога само вие сте одговорни за детето.

Од друга страна, олеснителна околност е што во нашиот дом нема добри и лоши полицајци, што е вообичаена ситуација во функционалните семејства.

Тој порасна свесен за ситуацијата во која живее, и тоа сега е нормално за нас“.

Брзо по раѓањето на синот, Дејан ѝ се врати на сопругата.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Му роди син на додека тој беше со Софи Мило, сега има уште две деца со друг маж – Што прави бившата ... Софија Мило беше обвинета дека му го растурила семејството на Лука кој на 22 год...
Јована Јеремиќ: „Многу жени свеќи треба да ми палат - им ги праќав мажите назад дома“ „Тој маж да знаел да ја усреќи својата жена, немаше да дојде кај тебе. Јас ги вр...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
Хрватска пејачка со апел: „Жената не треба да му биде роб на мажот, и на децата - нема мама е мама, ... „Јас самата сум си секогаш приоритет. Ако сум ненаспана, нервозна или уморна, то...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...

Најчитани неделава