Џакузи со поглед на ѕвезди и Месечината „за вечера“ – Огњен Амиџиќ не штеди на одморот со 20 години помладата девојка (фото)
- Детали
- вторник, 25 јули 2023
„Месечината е сервирана госпоѓо“ – напиша Огњен Амиџиќ до фотографијата на која се гледа дека за време на вечерата на Санторини, на масата им била поставена лампа во форма на Месечина. Српскиот актер не штеди на одморот со 20 години помладата девојка.
Српскиот актер и водител Огњен Амиџиќ минатата година се разведе од сопругата со македонско потекло Данијела Димитровска, а сега е во врска со 20 години помладата колешка Мина Наумовиќ.
https://www.instagram.com/p/CseBzzgNqkI/?hl=en
Во мај годинава Огњен беше на патување заедно со Мина во Истанбул, а сега тие двајца уживаат во летниот одмор на грчкиот остров Санторини.
На своите Инстаграм профили, Огњен и Мина редовно споделуваат видеа и фотографии од луксузниот апартман каде што се сместени, па така можеме а видиме дека парот уживал во џакузи со поглед на ѕвезди.
За време на вечерата им била поставена посебна светилка во форма на Месечина, па тие двајца на шега напишаа:
„Месечината е сервирана, госпоѓо“.
Инаку Мина сподели фотографија на која за првпат јавноста има можност да ги види како се бакнуваат, но во одразот на прозорецот.
Погледнете уште неколку фотографии од луксузниот одмор на Огњен и Мина:
Б. С. Б. | Црнобело