Николина Пишек по бикини на Родос ги разбесни фановите: „Островот гори, луѓето страдаат, ти објавуваш вакви фотки“

„Време за опуштање. Без објаснување, без зборови. Потребен ми е одмор од сè“, напиша Пишек на серијата фотографии од плажа од островор Родос, каде локалното население се бори против огнената стихија, а многу туристи се евакуираат. Поради фотките, Николина се соочи со бројни критики.

nikolina-pishek-po-bikini-na-rodos-gi-razbesni-fanovite-ostrovot-gori-lugjeto-stradaat-ti-objavuvash-vakvi-fotki-01.jpg

Една од најпознатите хрватски водителки, Николина Пишек, е на летување во Грција, од каде што секојдневно споделува фотографии и видеа. Таа беше во Атина, на Миконос, но и на островот Родос, во време кога таму беснеат едни од најголемите пожари во земјата.

Водителката објави неколку фотографии на плажа, но и од прошетката по островот и покажа како се забавува.

„Време за опуштање. Без објаснување, без зборови. Потребен ми е одмор од сè“, напиша Пишек на серијата фотографии од плажа, на кои носи резеда бикини.

Нејзините фотки колку што предизвикаа воодушевување кај едни, толку наидоа на осуда кај дел од нејзините следбеници на Инстаграм.

„Островот гори, луѓето страдаат, од каде потребата да објавуваш вакви фотки?“, ѝ напишаа разбеснетите фанови во коментар.

Ова предизвика дебата дали треба да се фали колку ѝ е убаво на плажа додека локалното население се бори против огнената стихија, а многу туристи се евакуираат.

„Сигурно ѝ е скапо во Хрватска, па морала да дојде во Грција на летување“, „Срам да ти е“, „Уште не си евакуирана?“, „Уште е во жалост“ - стои во коментарите.

Пишек, која има неколку тешки години зад себе, во моментов е на Санторини.

Таа последниве месеци е постојано во центарот на вниманието на балканската јавност, особено откако призна дека нејзиниот починат сопруг Видоје ја изневерувал и дека во моментот кога починал, бил со својата љубовница.

Прочитајте и Николина Пишек потврди дека нејзиниот сопруг бил со љубовницата кога починал - свекорот бесен ѝ се заканува

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Душко Тошиќ си позира со помалата ќерка во Турција, откако се огласи против Карлеуша: „Има ли крај?“ „По толку години... За што и да се зборува, Јеца постојано зборува за Душко. Има...
Херојски потег: Келнер на плажа на Крит скока во море да спаси пливач кој се бори со морски струи (в... И додека секојдневно слушаме за трагедии на плажа, ова е една со среќен крај – к...
Милан Калиниќ: „Разводот е тешка работа, но сум против бришење на целиот живот - зошто да ги бришам ... „Отсекогаш сум имал негативен став кон луѓето кои, кога ќе прекинат нешто, го бр...
Жена била касната од отровната „риба-зајак“ во Пефкохори: „Влегов во водата и почувствував силна, не... Жена во Грција била касната од таканаречената отровна риба пуфер позната и како ...
Маид Хеќимовиќ направи забава за откривање на полот на 4-тото дете - Се прослави во „Х-фактор“ со Да... Даниел Кајмакоски напиша: „Маиде, честитки од срце… Мора да е некоја кралица што...

Најчитани неделава