Николина Пишек потврди дека нејзиниот сопруг бил со љубовницата кога починал - свекорот бесен ѝ се заканува

„Скоро сè што се пишуваше за Видоје по неговата смрт е вистина. Во приватниот стан со него била присутна женска личност. Tаа призна дека имале врска, а мојот свекор го преформулира тоа како масажа“, вели Николина Пишек во интервју и конечно потврди дека нејзиниот сопруг починал покрај љубовницата.

nikolina-pishek-potvrdi-deka-nejziniot-soprug-bil-so-ljubovnicata-koga-pochinal-svekorot-besen-i-se-zakanuva-01.jpg

Една од најпознатите хрватски водителки, Николина Пишек (47), една година по смртта на нејзиниот сопруг, Видоје Ристовиќ, откри дека тој бил со љубовницата во моментот кога починал.

Српскиот историчар на уметноста почина во неговиот стан во Белград на 8 мај 2020, а со него беше непозната жена, за која таткото на Видоје, Миша Гроф, тврдеше дека е масерка.

nikolina-pishek-potvrdi-deka-nejziniot-soprug-bil-so-ljubovnicata-koga-pochinal-svekorot-besen-luda-e-kje-gi-otkrijam-site-nejzini-ljubovnici-02.jpg

Една година по смртта на својот сопруг, Николина конечно потврди дека Видоје починал со својата љубовница. Таа во интервју кај Татјана Јуриќ, во новата сезона на поткастот Skip or Beer, рече дека шпекулациите на медиумите и чаршиските озборувања се точни, а дека жената со Видоје навистина му била љубовница.

„Скоро сè што се пишуваше за мојот сопруг по неговата смрт е вистина. Јас му бев верна. Во приватниот стан со него била присутна женска личност.

Јас веќе и не знам како се вика таа, толку ми е важно тоа, но ете, таа признала дека имала врска со него, а мојот свекор го преформулира тоа како масажа.

Многу е чудно сè. Но, ете, медицинскиот наод потврди дека починал од затајување на срцето“, вели Пишек во интервјуто.

nikolina-pishek-potvrdi-deka-nejziniot-soprug-bil-so-ljubovnicata-koga-pochinal-svekorot-besen-i-se-zakanuva-02.jpgфото: YouTube принтскрин 

Нејзината изјава повторно го разбесни нејзиниот свекор, Миша Гроф, кој веднаш по ова рече дека Николина лаже.

„Не е вистина. Таа е луда жена. Никогаш не сум кажал такво нешто. Имам дневник со имињата на мажите со кои била додека беше во брак со Видоје и ќе ги објавам. Јас не лаам, молчам, но таа лае. Беше на погребот и оттогаш не сум ја видел, ни сум се слушнал со неа. А имотот за кој се пишува е имот на моите родители, па можеби би требало да ѝ ги дадам“, рекол Гроф во изјава за српскиот портал Blic.rs.

Нетрпението меѓу водителката и таткото на нејзиниот починат сопруг трае одамна, а скандалите меѓу нив двајца почнаа брзо по смртта на Видоје.

Миша Гроф веднаш по смртта на Видоје потврди дека син му бил во друштво на непозната жена, но демантираше дека му е љубовница, туку велеше дека била професионална масерка која дошла на закажан термин да го измасира.

Тој, наводно, не ѝ дозволил на Пишек да дојде на поменот за неговиот син на 8 мај оваа година.

Водителката навистина не се појави на гробиштата во Белград на годишнината на неговата смрт, туку го посети гробот на Видоје еден ден порано, на 7 мај.

Брзо по смртта на Видоје, Николина и неговата прва сопруга, Лана Јанковиќ, почнаа судска постапка за поделбата на имотот на Ристовиќ.

Според медиумите, зад барањата на Лана стои Миша Гроф, кој е во добри односи со поранешната снаа.

На Николина ѝ замерија дека пребрзо ја симнала црнината по смртта на својот сопруг.

„Тој ми беше голема љубов. Но, сега мора да мислам на моите ќерки“, изјави водителката.

Погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Прва изјава на Цеца: „Си отидов ден пред да се породи Анастасија, тие нека слават, јас едвај чекам д... „Јас сум богата жена. Одлично се и Анастасија и внукот. Морав да се вратам од Шп...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Софија Мило за првиот син на сопругот Лука Јовиќ: „Јас сум му маќеа – не му се дерам, тоа не е моја ... „Јас сум му како маќеа. Нас Давид многу ни е важен и важно ни е да е среќен кога...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...

Најчитани неделава