Николина Пишек за првпат се огласи по ненадејната смрт на сопругот: „Се чувствувам ужасно, сѐ уште не знам што се случило“

Голем број шпекулации се вртат околу прераната и ненадејна смрт на сопругот на хрватската водителка Николина Пишек, Видоје Ристовиќ. Николина накратко се огласи за медиумите при што рече дека сѐ уште не е извршена обдукција на телото, и дека таа во моментов е во Белград.

nikolina-pishek-za-prvpat-se-oglasi-po-nenadejnata-smrt-na-soprugot-ne-znam-nishto-za-negovata-smrt-se-chuvstvuvam-uzhasno-01.jpg

Во саботата (07.05) околу полноќ ненадејно почина сопругот на хрватската водителка Николина Пишек, Видоје Ристовиќ (44). Николина (46) во изјава за nova.rs веднаш ја потврдила веста, но не сакала да дава повеќе коментари.

Според информациите во српските медиуми, српскиот историчар на уметност, кој се занимаваше со трговија на уметнички дела, починал на кревет за масажа.

Наводно, претходно немало никакви знаци дека здравствената состојба му е влошена, а во еден миг рекол дека не се чувствува добро и веднаш потоа паднал во бесознание, по што починал.

Присутните веднаш повикале брза помош, но стручните лица не можеле да направат ништо, освен да констатираат смрт. Според шпекулациите, најверојатно Видоје имал инфаркт, но засега ништо не е потврдено.

Николина денес (09.05) даде кратка изјава за српскиот портал republika.rs и рече:

„Се чувствувам ужасно, не можам ниту да говорам. Сѐ уште не е направена обдукција, за причините за смртта знам колку што знаете и вие. Тешко ми е, стигнав во Белград, но не сум во домот каде што живеев претходно. Ви благодарам на разбирањето, не би сакала повеќе да коментирам...“

Инаку, Николина и Видоје во 2013-та година се венчаа на луксузна свадбена церемонија во Монте Карло и заедно ја имаат ќерката Уна Софија (7).

Според објавите на Инстаграм може да се види дека последниот ден нејзиниот сопруг го поминал токму со ќерката.

Прочитајте и Свадбата во Монте Карло чинела 400.000 долари, сака скапи часовници – кој е сопругот на хрватската заводничка Николина Пишек?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се огласи Ѓоле Џогани по вестите за развод со Весна + Каков имот поседува парот? По веста дека Ѓоле се иселил од семејниот стан во кој останала Весна со децата, ...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Николина Пишек се смири со свекорот, кој ѝ забрани да влезе во станот во Белград каде што живееше со... Најголемиот спор меѓу хрватската водителка и таткото на нејзиниот починат сопруг...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Инфлуенсерката Николина Ковачевиќ од Србија е родена како Његош: „Имаше мажи кои не знаеја дека сум ... „Имаше мажи кои не знаеја дека сум го променила полот. Генерално, кога врската ќ...
Таа блеска, син ѝ е насмеан како никогаш досега: Северина го живее најубавото лето во животот во Хрв... Таа е доказ дека кога се сака не се може и дека битката е изгубена само тогаш ко...

Најчитани неделава