Таа блеска, син ѝ е насмеан како никогаш досега: Северина го живее најубавото лето во животот во Хрватска
- Детали
- четврток, 23 јули 2026
Таа е доказ дека кога се сака не се може и дека битката е изгубена само тогаш кога ќе кренеме раце. Годините судски препирки со бившиот за старателство над синот не ја изморија - ја направија посилна. Сега со синот Александар го живее своето лето од соништата. Мајка, жена, кралица!

Северина е мајка, жена, кралица... Таа конечно е своја на своето, со најсаканата личност во животот до себе – синот Александар.

Сега, кога конечно се ослободи од прангите на бившиот Милан, таа слободно дише.

Шета со синот, се гушка, слика и се смеат до солзи и сето тоа смее јавно да го прикажува на Инстаграм, без да му го крие лицето.
Александар изгледа среќно и релаксирано, а Северина никогаш поведро.

Од макси бел фустан со принт цвет до металик бикини, таа изгледа одлично во секое издание.

Дефинитивно го живее најубавото лето во животот, покрај својот тинејџер.

Од настапи до одмори, нивниот распоред постојано вклучува море и време за нив.
Повеќе летни фотографии од нив:






