Го оперирала носот на 13 години – Како изгледаше Анастасија Ражнатовиќ пред естетските зафати?

„Нема сега да раскажувам дека имав девијација, па морав, не го оперирав носот заради тоа...“ – рече во една пригода Анастасија Ражнатовиќ и призна дека носот го оперирала на возраст од само 13 години. Како изгледаше ќерката на Цеца пред корекциите?

go-operirala-nosot-na-13-godini-kako-izgledashe-anastasija-razhnatovikj-pred-estetskite-zafati-01.jpg

Анастасија Ражнатовиќ денес е една од најатрактивните Србинки, а не крие дека својот изглед го должи и на естетските корекции и зафати. На Инстаграм кружат нејзини фотографии на кои може да се види како изгледала ќерката на Цеца пред да направи корекции.

Таа гостувајќи во една српска емисија во една пригода отворено зборуваше за тоа што поправила во својот изглед и за разлика од голем број други дами на естрадата што кријат дека се оперирале, Анастасија откри дека првата операција ја имала уште на 13 години.

„Постои една фотографија што кружи на интернет, кога имав 13 години. Во тој момент имав 80 килограми, страшно сум нашминкана.

Сега имам 60. Не се срамам од тоа, не кријам дека некогаш така сум изгледала.

Имав вишок килограми, поголем нос и помала уста. Сѐ на таа фотографија изгледа страшно...“

„Целосно разбирам кога некоја жена се чувствува несигурно заради носот или градите и целосно ги поддржувам естетските зафати. Сите го прават тоа, само што сите лажат!

go-operirala-nosot-na-13-godini-kako-izgledashe-anastasija-razhnatovikj-pred-estetskite-zafati-02.jpg

Мене носот на таа фотка што кружи ми е неколку километри. Не бев задоволна со изгледот на носот и затоа го оперирав, но само еднаш.

Всушност тоа е и единственото нешто што сум го оперирала. Ја имав таа несигурност околу носот и тоа го поправив.

Нема сега да раскажувам дека имав девијација, па морав, не го оперирав носот заради тоа...“ – изјави Анастасија.

Освен што го оперирала носот, некои српски медиуми тврдат дека младата пејачка направила и операција на градите и ги зголемила за еден број по 18-иот роденден, а ако се погледнат фотките што кружат на интернет забележително е дека таа ги коригирала и усните и сега ѝ се многу подебели.

Погледнете повеќе фотки од Анастасија во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“ Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана...
Цеца носела пиштол со себе - Детали за убиството на Аркан пред 26 години „Некои жени ми бранеа да излезам од бутикот, а Ѕвонко врескаше: ‘Командантот е у...
Гените се чудо: Ќерката на Гоца Тржан порасна во вистинска убавица - ужива на јахта со другарките Откако прослави полнолетство, Лена почна поинтензивно да објавува фотографии на ...
Цеца за животот како млада девојка: „Кај маж ми бев принцеза, кај мајка ми морав да готвам и да чист... „На мајка ми ѝ велев, Боже кога ќе се омажам, има слуги да ме служат, само да не...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...

Најчитани неделава