Ана Николиќ задоцни 3 часа на роденденот на ќерката, дојде со флеки на колената: „Ќе направам сѐ за да не тргне по моите стапки“

„Тара е скромна на мене, бараше да ѝ купам кристални фигури од сите можни животни“ – Ана Николиќ откри што ѝ купила на ќерката за роденденот. Пејачката на забавата задоцни неколку часа, а се појави со флеки на фустанот. Нејзиниот поранешен сопруг Раста, пак целосно го промени имиџот.

ana-nikolikj-zadocni-3-chasa-na-rodendenot-na-kjerkata-dojde-so-fleki-na-kolenata-kje-napravam-s-za-da-ne-trgne-po-moite-stapki-01.jpg

Српските музичари Ана Николиќ и Стефан Ѓуриќ Раста вчера (03.08) го прославија 6-иот роденден на нивната ќерка Тара. Парот организираше забава во луксузна вила на периферијата на Белград, а како што може да се види од фотографиите и видеата објавени од присутните, декорацијата е инспирирана од светот на Покемоните.

Раста дојде меѓу првите на забавата заедно со малата Тара која на себе носеше црн фустан, а забележително е што пејачот го промени имиџот по кој со години наназад беше препознатлив. Тој за првпат во јавност се појави без суканици, а според објавите во српските медиуми средбата со Ана ги изненадила сите, затоа што тие двајца биле расположени и разговарале насмеани.

Инаку, Ана која во изминатиот период мина низ повеќе скандали, поврзани со нејзината кариера и пороците, за првпат го покажа лицето во јавност и покажа дека успеала да го реши проблемот со кожата и да ги излекува големите дупки на челото што во изминатиот период ги криеше со шешири и модни додатоци.

Сепак, таа на роденденот дојде цели 3 часа по започнувањето на прославата, а додека даваше изјава за медиумите, забележително е дека имаше дамки на фустанот кај колената, по што може да се претпостави дека најверојатно паднала некаде.

ana-nikolikj-zadocni-3-chasa-na-rodendenot-na-kjerkata-dojde-so-fleki-na-kolenata-kje-napravam-s-za-da-ne-trgne-po-moite-stapki-03.jpgфото: YouTube - принтскрин

Иако прво одбиваше да даде изјава за медиумите, сепак на крај застана и одговори на неколку кратки прашања.

На прашањето што ѝ купила за роденден на ќерката, Ана рече дека ѝ купила фигури од Swarovski, од сите можни животни.

„Таа тоа го бараше од мене. Скромна на мене. Цела е на мене“ - по што новинарите коментираа дека нејзината ќерка веднаш почнала да позира пред камерите, на што Ана додаде:

„Сака да позира, а и јас сакам да позирам и знам како.

Тара минатата година ме праша: ‘Мама зошто си мрачна?’, но веднаш заборави на тоа кога некои девојчиња ја викнаа да се слика со нив“ – одговори пејачката.

ana-nikolikj-zadocni-3-chasa-na-rodendenot-na-kjerkata-dojde-so-fleki-na-kolenata-kje-napravam-s-za-da-ne-trgne-po-moite-stapki-04.jpg

На прашањето што би направила ако Тара тргне по нејзините стапки, Ана кратко одговори:

„Ќе направам сѐ да не дојде до тоа“.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“ Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана...
Раста, за убавицата со која е 5 години во љубов, по Ана Николиќ: „Долго време ми требаше за да ја на... „Никогаш не ги генерализирав сите жени, иако имав развод и секогаш оставав прост...
Гените се чудо: Ќерката на Гоца Тржан порасна во вистинска убавица - ужива на јахта со другарките Откако прослави полнолетство, Лена почна поинтензивно да објавува фотографии на ...
Јована Јеремиќ: „Многу жени свеќи треба да ми палат - им ги праќав мажите назад дома“ „Тој маж да знаел да ја усреќи својата жена, немаше да дојде кај тебе. Јас ги вр...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Ана Бебиќ (39) од „Операција Триумф“ објави ретка семејна фотка - И денес е убавица и без грам шминк... Нашиот Александар Белов беше миленикот на публиката, но не успеа да ја понесе по...

Најчитани неделава