Eден од најфит естрадните парови во Србија: Весна (44) и Џоле Џогани (63) во топ форма на плажа

„Покрај другото, се занимавам и со јога и спојот на физичкото и духовното носи најдобри резултати. Исто така, живеам здраво, не пушам, не пијам, рано си легнувам и мора одредени одрекувања за да изгледате фит“, вели Џоле Џогани на прашањето како изгледа така фит на 63 години.

eden-od-najfit-estradnite-parovi-vo-srbija-vesna-44-i-djole-djogani-63-bleskaat-na-plazha-01.jpg

Весна и Џоле Џогани долги години наназад во Србија креираат музика под името „Џогани“ и се една од групите што се прослави во целиот регион.

Покрај песните, тие се познати и по динамичните танцувачки кореографии, а токму љубовта кон танцот, во комбинација со редовните тренинзи прават години наназад да важат за еден од најфит паровите на естрадната сцена.

Летово секој слободен миг го користат за одмор и релаксација, а Весна (44) и Џоле (63) изгледаат неверојатно.

Особено Џоле, кој можеби и ќе ве збуни кога ќе чуете дека веќе е во 64-тата година од животот.

eden-od-najfit-estradnite-parovi-vo-srbija-vesna-44-i-djole-djogani-63-bleskaat-na-plazha-03_1.jpg

Околу тоа како го одржуваат изгледот, во една пригода Весна изјави дека не води многу сметка околу исхраната, но затоа вежба често и интензивно.

„Единствено поради работата не пијам газирано, поради гласот. Јадам грицки и разни работи, но кога ќе видам дека сум претерала – стопирам со одредени намирници“.

eden-od-najfit-estradnite-parovi-vo-srbija-vesna-44-i-djole-djogani-63-bleskaat-na-plazha-02.jpg

Џоле, пак, вели:

„Се грижам за своето тело отсекогаш и живеам спортски живот. Не знам колку луѓе знаат, но јас бев и атлетичар, а подоцна дури започнав со танцот. Константното тренирање и кореографии исто така влијае на мојот изглед.

Мора да кажам дека се занимавам и со јога и спојот на физичкото и духовното носи најдобри резултати.

Исто така, живеам здраво, не пушам, не пијам, рано си легнувам и мора одредени одрекувања за да изгледате фит“.

Повеќе фотографии од парот:

 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Се огласи Ѓоле Џогани по вестите за развод со Весна + Каков имот поседува парот? По веста дека Ѓоле се иселил од семејниот стан во кој останала Весна со децата, ...
Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...
„Никогаш не го запознав татко ми, неговата жена ми рече дека за него не постојам“ - Весна Џогани про... „Го најдов телефонскиот број и свртев, а ми се јави неговата сопруга. Реков...
„Имав 40kg, побарав стручна помош“ - Луна Џогани за периодот кога стана љубовница на женет маж (пред... „Многу ослабев, имав анксиозни напади, имав само 40kg… Не можам ни да опишам низ...

Најчитани неделава