„Никогаш не го запознав татко ми, неговата жена ми рече дека за него не постојам“ - Весна Џогани проговори за семејството
- Детали
- вторник, 16 септември 2025
„Го најдов телефонскиот број и свртев, а ми се јави неговата сопруга. Реков: ‘Здраво, јас сум Весна, твојот сопруг ми е татко. Само сакам да му кажам дека постојам’. На оваа таа ми одговори: ‘Не, ти не постоиш. Не ни се јавувај повеќе’ и ја спушти слушалката“, вели пејачката за обидот да го најде татко ѝ.

Весна Џогани, пејачката на дуото „Џогани“, има убав живот со партнерот Ѓоле Џогани, кој е татко на нејзините две деца, кариера која трае долги години, публика која ја обожава.
Но, нејзиниот живот никогаш не бил потполно, бидејќи познатата пејачка никогаш не го запознала својот татко.
Таа во една емисија откри дека пред неколку години се обидела да стапи во контакт со него, да го запознае, да дознае кој е човекот кого никогаш не го видела, иако ѝ дал живот, но не успеала во тоа поради неговата сопруга.
„Никогаш не го запознав мојот татко, не знам како изгледа, но го знам неговото име и презиме.
Неговите браќа од Книн, Хрватска, ме контактираа, но тој никогаш.
Во 2019 година имавме концерт во Книн и додека вечеравме во еден ресторан, го прашав келнерот дали слушнал за семејството Тривиќ.
Следниот ден по концертот, отидов да се сретнам со семејството“, раскажала Весна.
И покрај тоа што воспоставила контакт со неговото семејство, татко си, сепак не го запознала.
За нејзиниот обид да го побара и да се сретне со него, пејачката вели:
„Мојата пријателка Катарина ме наговори да го повикам и јас еднаш пробав да му се јавам.
Го најдов телефонскиот број и се јавив, а слушалката ја крена неговата сопруга Вера.
Реков: ‘Здраво, јас сум Весна, твојот сопруг е мој татко. Само сакам да му кажам дека постојам’.
На оваа таа само ми одговори: ‘Не, ти не постоиш. Не ни се јавувај повеќе’ и ја спушти слушалката.
Оттогаш, никогаш повеќе не се обидов да го најдам“, рекла пејачката во својата исповед.
Во меѓувреме татко ѝ починал, па таа никогаш не успеала да го запознае.
А. Ј. | Црнобело
