Србинка ги објави модринките, Миа Костова со жестока осуда: Реакции во регионот откако маж во Босна ја уби невенчаната сопруга пред нивното бебе
- Детали
- вторник, 15 август 2023
Свирепото убиство во Босна, кога маж ја претепа и застрела невенчаната сопруга, ги охрабри жените од регионот да кренат глас. Меѓу нив е и Србинката Неда Грујиќ кога објави фотографии од своите модринки, заканувачките пораки на бившиот дечко и коментар дека иако пријавила во полиција, никој не ѝ помогнал. По овој немил настан се огласи и Миа Костова...
Откако на 11 август Нермин Сулејмановиќ во Босна и Херцеговина брутално ја уби невенчаната сопруга Низама Хеќимовиќ пред очите на нивното бебе, во регионот не стивнуваат реакциите против семејно насилство.
Жени од целиот Балкан излегоа со жестоки објави и ги раскажаа своите приказни за насилството што и тие го трпат од партнерите.
Жените не ја кријат ни разочараноста од институциите кои не им помагаат на нив, а кои не ѝ помогнале ни на Низама, која само три дена пред да биде убиена го пријавила партнерот во полиција за семејно насилство.
Уште повеќе се згрозени што полицијата реагирала дури откако Нермин на социјалните мрежи објавил фотографии и видеа од убиството и најавил дека ќе има уште жртви.
Низама Хеќимовиќ
Институциите не реагирале, љубовницата на насилникот, која е полицајка, му открила каде се крие Низама и таа беше брутално убиена.
Овој свиреп случај повторно ги сплоти жените од регионот, кои велат дека нема да молчат.
Нермин Сулејмановиќ
Една од нив е и Србинката Нада Грујичиќ. Таа на Инстаграм ја раскажа својата болна приказна – за среќната врска и заљубеноста кои се претвориле во болка откако нејзиниот поранешен партнер почнал да ја тепа и да ѝ се заканува.
Тој манипулирал и со другарите и семејството, кои му станале соучесници пред законот кога тој ѝ ги скршил ребрата, а тие застанале во негова одбрана. Иако Неда го пријавила случајот во полиција, не добила помош.
Сега, Нада на Инстаграм објави фотографии од нивните среќни денови, но и од модринките, од пораките со закани од бившиот дечко, но и од лекарскиот извештај.
„Нема да се смирам. Во јавност не сум излезена цела година, но нема да престанам додека не биде задоволена правдата. Долго време размислував дали за да стигнам до правдата треба да ги објавам својата интима и траума.
Дојдов во ситуација тоа да биде единствениот начин. И го направив тоа.
Нада Грујичиќ со бившиот дечко
Добив многу пораки од девојки и жени кои минуваат или поминале низ истото и ми дадоа ветер во грб да станам уште погласна, а насилникот да биде осуден.
Моментот кога ми се јавија негови поранешни девојки да ме поддржат ми беше пресуден. Ви благодарам на тоа.