Србинка ги објави модринките, Миа Костова со жестока осуда: Реакции во регионот откако маж во Босна ја уби невенчаната сопруга пред нивното бебе

Фотографиите се само мал дел од тоа како почна и како заврши“ - вели таа.

„Врати ми го автомобилот, те молам, немој да бидеме крвници, да одиме по службена линија, далеку ќе стигнеш. Си направи сега самата хаварија со ова. Ќе ме сонуваш секојдневно во најлошите соништа... А тоа што ми бараа од полиција да ми кажат дека си ме пријавила...“
„Аман веќе, стави гориво во автомобилот, немој да си ретардирана и да ми го вратиш со празен резервоар. Или немој ни да се враќаш, имам кој да ме вози до Белград, но тогаш ти го на*ба, жими мајка. Ало, наркоманко една смрдлива, да ти ја *бам мајката“, се дел од пораките што ги добивала Нада.
Таа сподели и дел од медицинскиот извештај од лекар специјалист во кој стои дека таа има фрактура на три ребра на левата страна и блага дислокација.

Нада доби поддршка и од нашата инфлуенсерка Миа Костова, која ја сподели и нејзината тешка приказна на Инстаграм.
Миа деновиве реагираше жестоко на убиството во Босна и вели дека целиот случај ја вознемирил толку многу што не може да се смири.
„Драго ми е што не налетав на видеото за кое се вели дека ја претепал до непрепознатливост, ѝ го искинал стапалото да не може да мрдне, а последните зборови ѝ се 'се плашам за мене и бебето’ и добива куршум во чело. Бебето е во локва крв од мајката додека не го земат. Ова е страшно.
Се плашам дека сум добивала пораки за насилство во инбокс, а кај нас баш од оваа причина не се дрзнуваат да пријават.
Како се покренува свест за ова? Како треба да се освестат надлежните да се реагира на најмала закана, а камо ли на ќотек?“, вели Миа.

Таа објави и фотографија од полицајката која имала љубовна афера со убиецот од Босна и која наводно му јавила каде се крие неговата невенчана сопруга.
„Треба да одговара и секој што не преземал ништо. Затвор и секој ден да ѝ е полош од претходниот. Кутро бебе“, вели Миа.

„Ова е последица на пореметена личност и ментално здравје. Редно време е да се подигне свеста за менталното здравје, дека е исто ако одите на гинеколог, забар или психијатар.
Психотерапијата не е баук... Спасува животи“, стои во еден од коментарите на жени што ја споделија објавата на Костова.
А. Ј. | Црнобело