Бира само познати девојки, сестра му се жртвувала за неговата кариера - Факти за кошаркарот Богдан Богдановиќ

Капитенот на српската кошаркарска репрезентација, Богдан Богдановиќ, повторно е спортски херој, откако со репрезентацијата освоија сребро на Светското првенство. Па, освен што се пишуваше за неговите спортски подвизи, јавноста повторно ја заинтригира и неговиот љубовен живот и познатите дами со кои беше во врска - актерка, тенисерка, манекенка... 

bira-samo-poznati-devojki-sestra-mu-se-zhrtvuvala-za-negovata-kariera-shto-znaeme-za-srpskiot-kosharkar-bogdan-bogdanovikj-01.jpg

Кошаркарот Богдан Богдановиќ со српската репрезентација заврши на второто место на Светското првенство што се играше Индонезија од 25 август до 10 септември.

Капитенот на репрезентацијата, кој е и член на „Атланта Хокс“, иако е вистинска ѕвезда, вели дека никогаш не дозволил славата да го смени.

Тој од 2017 година живее во Америка, но не ги заборава корените, ни семејството, кое му е на прво место.

Кошаркарот не крие дека токму тие жртвувале сè за да му овозможат да почне професионално да се занимава со спорт, а дека најголемата жртва ја направила неговата помала сестра.

Богдан завршил електротехничко училиште во Белград. Неговите родители не биле богати – татко му Драган бил комерцијалист, а мајка му Ковиљка работела како касиерка.

„Семејството е темел на сè. Родителите ни всадија мене и на сестра ми исправен начин на размислување. Прво да го правиме тоа што го сакаме, да уживаме во својата работа и да го чуваме семејството и тој најблизок круг околу себе. Да бидеме добри луѓе.

Моето семејство е исполнето со љубов и среќа. Многу сум им благодарен за сè што направија за мене и сестра ми. Имавме и тешки моменти, но секогаш го имавме тоа што ми требаше за да уживаме и да бидеме среќни“, изјавил тој во едно интервју.

Тој откри дека неговите родители ја напуштиле Црна Гора за да им овозможат подобри услови за образование и иднина на децата, а со тоа ги ставиле нивните животи во втор план.

Се преселиле во Белград, каде што се родил Богдан на 18 август 1992 година.

Богдан има помала сестра, Бојана, која му е најдобра пријателка и која со него се преселила во Америка.

„Секогаш бевме заедно на училиште. Таа долго време ми беше обезбедување од сè, ме бранеше од сите. Mногу е силна. Таа се откажа делумно од својот живот за да ми се посвети мене.

Првата година по преселбата во САД баравме што ќе работи, но без искуство и диплома од некој од нивните факултети не можеше да најде конкретна работа“, раскажал кошаркарот.

Тој признава дека ѝ е многу благодарен што жртвувала една година од животот за него.

„Тогаш решивме дека треба да ги заврши студиите. Таа жртвуваше една година од својот живот, ми се посвети мене, ми помогна со организацијата и животот во Америка, да се адаптирам.

Тоа е неверојатен културен шок, промената на средината е причината поради која многу луѓе таму стануваат асоцијални. Осаменичкиот живот е многу лош. Бојана одигра важна улога во тоа време, ме спои со некои луѓе“, се присети Богдановиќ во едно интервју на минатото.

Откако Богдан основа своја фондација, Бојана го води кампот за кошаркари и фондацијата на брат ѝ и се труди да биде дел од хуманитарни активности кои ги поддржуваат младите талентирани спортисти.

bira-samo-poznati-devojki-02.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Теа Таировиќ се омажи за возачот - познати Србинки кои ги заведоа своите вработени Љубовта не бира ни време ни место, ниту пак професионален ангажман, а неколкупоз...
Познати Србинки кои се посвоени - Една ќе го наследи „пола Белград“, друга тврди дека ѝ фрлале црна ... Не е тајна дека еден од најдобрите српски кошаркари на сите времиња, Владе Дивац...
Што знаеме за актерот кој го глуми младоженецот во хит-филмот „Свадба“? Филмот „Свадба“ во изминативе недели ги руши рекордите на гледаност во целиот ре...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
Десет години е помлада од него, потекнува од Источна Европа: Која е згодната девојка на Махмут Орхан... Махмут Орхан ја потврди врската со моделот Дарија со заедничка Инстаграм објава,...
Здравко Чолиќ ѝ прослави 24-ти роденден на ќерката со забава во ресторан - букет рози, чанта од 2.80... Уна Чолиќ пред извесен период конечно го откри идентитетот на 10 години постарио...

Најчитани неделава