Што знаеме за актерот кој го глуми младоженецот во хит-филмот „Свадба“?
- Детали
- недела, 22 февруари 2026
Филмот „Свадба“ во изминативе недели ги руши рекордите на гледаност во целиот регион, а покрај плејадата истакнати актерки имиња од Србија и Хрватска, во улогата на младоженецот се појавува актерот Марко Грабеж. Што знаеме за младиот глумец?

Во филмското ремек-дело на сценаристот и режисер Игор Шереги, приказната се врти околу Небојша Димитријевиќ, син на српскиот министер за надворешни работи на Србија и неговата идна сопруга Ана, ќерка на богат хрватски бизнисмен, кои треба да ги запознаат своите семејства и да се венчаат, но не без пропратните драми и комични ситуации што се случуваат кога се во прашање хрватско-српските односи.
Небојша е исклучително љубезно, тивко и скромно момче, полно со љубов кон својата бремена девојка.
Оваа улога одлично ја одигра младиот српски актер Марко Грабеж и таа му е вистинска отскочна штица во кариерата.
Иако ова не е негова прва голема улога, Марко е генерално непознат во јавноста.

Што знаеме за младиот актер?
Марко е роден во 1992 година во Белград.
Матурирал во Петтата белградска гимназија и уште тогаш покажувал интерес за глума.

Дипломирал на Факултетот за драмски уметности на Универзитетот за уметности во Белград.
Тој доби можност да покаже колку е талентиран преку улоги во неколку кратки филмови, меѓу кои и филмот „Ја бранев младата Босна“, од кој произлезе истоимената серија, а во која тој го толкуваше ликот на Недељко Чабриновиќ.

Дел од публиката во регионот го запозна преку улогата на инспекторот Божидар Зечевиќ во втората сезона од серијата „Сенки над Балканот“.
Следеше серијата „Сабја“, во која одлично го долови ликот на Чедомир Јовановиќ.

Сепак, освен глумата, Марко има уште една голема страст, а тоа е музиката.
Тој свири уште од мал, и заедно со својот колега, актерот Страхиња Блажиќ, ја основал музичката група CheGuerillaz, која постоела до 2014 година.

Марко го напуштил тој бенд, па заедно со тапанарот Иван Павловиќ Гизмо, ја создал групата Коикои, во која пее и свири гитара.
Тие го издадоа својот прв албум, наречен Invitations to the Side, во 2021 година.
Прочитајте и Бев на „Свадба“ во кино, се смеев со солзи и си отидов расположена - Зошто би го гледала филмот пак?
А. Ј. | Црнобело