Поранешната претседателка на Хрватска се преполови - Колинда Грабар (55) ослабе 30kg и изгледа подобро отколку во младоста

Во текот на диетата се забранети рафинирани шеќери и полуготови производи, а се пијат протеински шејкови, се внесуваат аминокиселини, се јаде месо, риба и зеленчук, кои се подготвуваат на медитерански начин. Како Колинда Грабар Китаровиќ ја доведе линијата до совршенство?

poraneshnata-pretsedatelka-na-hrvatska-se-prepolovi-oslabe-30kg-i-na-55-godini-izgleda-podobro-otkolku-vo-mladosta-01.jpg

Поранешната хрватска претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ, се преполови – таа ослабе околу 30kg и на 55 години изгледа подобро отколку во младоста, вели јавноста.

Таа на Инстаграм објави фотка во маскирни панталони и маичка, а на која се гледа дека формата ја довела до совршенство, па доби комплименти за изгледот.

Колинда со години велеше дека ѝ е многу жал што нема време да вежба и така да го намали вишокот килограми.

Дополнителен проблем ѝ беа и болките во раката и таа во минатото велеше дека има моменти кога едвај успева да ја движи.

Но, разликата во изгледот е очигледна, а споредVečernji.hr, новата фит линија на Колинда се должи на липосукциската диета.

Станува збор за режим на исхрана кој се заснова на внес на природни масти, а се елиминираат јаглехидратите.

Во текот на диетата се забранети рафинирани шеќери и полуготови производи, а се пијат и протеински шејкови, се внесуваат аминокиселини, се консумираат месо, риба и зеленчук кои се подготвуваат на медитерански начин.

Според хрватските медиуми, за појадок и ручек при оваа диета се пијат протеински шејкови, а се внесуваат и додатоци во исхраната, т.е. аминокиселини и растителни влакна.

Главен оброк при оваа строга диета е вечерата, а тогаш се јаде варен зеленчук (брокула, карфиол), месо (чисто, на пример пилешко, телешко и јагнешко, а се избегнува свинкото) и риба (лосос или туна).

Со вечерата се дозволени и салати, но најчесто зелени: марула, зелка, краставица.

Овошјето и јаглехидратите се строго забранети и воопшто не се консумираат.

Диетата не е поврзана со липосукцијата (и покрај името), туку подразбира строг, но здрав начин на исхрана.

Оваа диета ја пробаа и Тијана Дапчевиќ, Викторија Лоба, Неда Украден, Сузана Манчиќ, но и светските ѕвезди Џенифер Анистон и Моника Белучи.

Повеќе фотографии од Колинда Грабар Китаровиќ на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Наташа Беквалац откри зошто ги извадила силиконите од градите: „Се оперирав од здравствени причини“ „Првото нешто што го помислив кога сè заврши, беше: „Здрава сум“, а потоа, кога ...
Хит видео: „Заглавените“ патници на Евзони играа оро додека чекаа да влезат во Македонија „Грчките цариници сигурно си велат дека им е забавно, па не се брзаат да ги проп...
Лука Дончиќ потврди дека ја раскинал свршувачката, ќерките ги нема видено со месеци: „Ќе се борам за... „Ги сакам моите ќерки повеќе од сè и правам сè што можам тие да се со мене во СА...
Српска пејачка со исповед: „Татко ми бил прогласен за мртов и однесен во мртовечница - некој таму сл... „Претпоставувам дека пријателот на тато кој возел заспал, не ги знам точните дет...
Му ја кинат кошулата, беше цела естрада: Огњен Амиџиќ направи мекици за ќерката Лола и објави прва ф... Десингерица, во свој бизарен стил, му донесе подарок - косилка за трева, Џани пе...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...

Најчитани неделава