„Ме бакна, па пенетрираше со прстите во мене“ – Детали од сведочењето на Милена Радуловиќ против професорот за кого тврди дека ја силувал

„Ме бакнуваше 63-годишен старец, се чувствував одвратно. Ме прашуваше дали се е*ам со некого... Кога пенетрираше со прстите во моето тело бев уплашена и шокирана. Тоа го направи човек кому му верував“ – актерката Милена Радуловиќ го изнесе своето потресно сведоштво за сексуалниот напад што го претрпела од професорот, кој ја нападнал кога имала само 17 години. Прашањата кои адвокатот на обвинетиот ѝ ги постави на суд ќе ве згрозат.

me-bakna-pa-penetrirashe-so-prstite-vo-mene-detali-od-svedochenjeto-na-milena-radulovikj-protiv-profesorot-za-kogo-tvrdi-deka-ja-siluval-01.jpg

Српската актерка Милена Радуловиќ вчера (19.09) за првпат се соочи со учителот по глума Мирослав Мика Алексиќ, кого вкупно седум студентки го обвинија за силување и сексуално малтретирање додека работел како предавач во белградска школа за глума.

Актерката на суд си ја отвори душата и отворено раскажа што се случувало и како Мирослав од позиција на личност со авторитет манипулирал со неа додека била ученичка во школата.

Српските медиуми го пренесуваат потресното сведоштво на Милена, но и вулгарното однесување на адвокатот на обвинетиот кон неа.

me-bakna-pa-penetrirashe-so-prstite-vo-mene-detali-od-svedochenjeto-na-milena-radulovikj-protiv-profesorot-za-kogo-tvrdi-deka-ja-siluval-02.jpgфото: YouTube - принтскрин

Како што раскажа Милена, првиот напад се случил кога таа имала 17 години, по завршување на часот, додека останатите ученици си оделе дома, кога професорот ја повикал да влезе во неговата канцеларија.

„Седев на фотелјата што беше тука. Тој ми рече дека морам да станам, да се исправам. Дека морам повеќе да тренирам, дека морам да бидам затегната како сајла.

Тоа не беше ништо невообичаено, затоа што често викаше по нас да го исправиме ‘рбетот, а ние седевме на клупи без наслон“ – го почна своето сведоштво таа.

me-bakna-pa-penetrirashe-so-prstite-vo-mene-detali-od-svedochenjeto-na-milena-radulovikj-protiv-profesorot-za-kogo-tvrdi-deka-ja-siluval-03.jpgфото: YouTube - принтскрин

Милена раскажа дека уште првиот пат тој дошол пред неа и почнал да ја бакнува, а тоа бил најголем шок за неа. Се обидувала да се одбрани, но не можела затоа што била парализирана.

„Кога тоа ми се случи првпат, мислев дека со бакнежот ме тестира дали сум доволно силна. Потоа, се случи пенетрирањето со прстите во моето тело. Бев уплашена и шокирана.

Го почувствував предавството од човекот кому му верував, кон кого чувствував почит и стравопочит“ – изјави во своето сведоштво актерката, а пренесува kurir.rs.

me-bakna-pa-penetrirashe-so-prstite-vo-mene-detali-od-svedochenjeto-na-milena-radulovikj-protiv-profesorot-za-kogo-tvrdi-deka-ja-siluval-04.jpg

Милена, тврди дека ваквото однесување на професорот придонело таа да ја загуби својата самопочит, па дури ја довело и до суицудни мисли.

„Се чувствував валкано. Потоа дојде до закани. Ако прозборам, тој велеше дека ќе влијае врз тоа што ќе мислат моите пријатели за мене и дека ќе му се згадам на тогашниот партнер.

Кога му се спротивставив, ме претепа пред целата група соученици“ – раскажа таа.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Се заљубиле кога таа имала 18, а тој 52 години и сите им предвидувале пропаст: Љубовта на Жељко и Ру... Еден од омилените балкански музичари, Жељко Бебек (77), веќе четврт век е во љуб...
„Се вљубив во сопругот на насловна страница, не му се допаѓа тоа што јас го готвам“ - Лепа Брена отк... „Кога сме дома, јас не сум Лепа Брена, а тој не е светски познат тенисер. Јас су...
„Присуствував на судењето на Милена Радуловиќ, се згрозив од прашањата кои ѝ беа поставени – Како ре... „Колкав е јазикот на Мика? Дали ви ја влечеше главата надолу? Како ви делуваа пр...
Девојката на Бака Прасе неодолива на заедничкиот одмор во Будва, по критиките дека никогаш не патува... Бака Прасе и Ања Бла за првпат заедно отидоа на одмор годинава, но Ања откако се...
„Девојка со крилја“ - Инспиративната Србинка, без раце, за првпат ќе стане мајка, со саканиот се пре... Таа е во 8-миот месец од бременоста и со задоволство очекува да се реализира во ...
Првиот дечко ѝ загинал, има дует со Врчак: Факти за Анабела Атијас, позната како Фанки Џи и мајка на... Била многу млада кога го загубила првиот дечко кого многу го сакала, доживеала в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg