Му раскинала заради друг маж и си заминала – Како изгледа денес жената на која Бора Чорба ѝ ја посвети песната „Остани ѓубре до краја“?
Биљана раскажа дека таа ја имала можноста прва да ја слушне популарната песна, којашто познатиот рокер ја напишал откако таа му раскинала.
„Беше вечер. Ѕвонеше телефонот и ми се јави Бора. Ме замоли да се најдеме, за да ми ја прочита песната што ми ја напишал.
Се подготвив и отидов да го видам, кога таму... Баш како во песната: ‘Додека стојам до шанкот делумно пијан, мразејќи ги по малку и себеси и другите, ги убивам полека коњакот и...“.
Седнуваме на маса и тој онака додека пивнува, од своето прочуено тефтерче, во кое запишуваше стихови ми чита: ‘Не сум од оние што цимолат, веќе те немам, и ништо не можам, барем насмевни се кога ќе ме видиш, остани ѓубре до крај!’
Во прв миг тоа ‘ѓубре’ ми звучеше помалку грубо, но кога сфатив дека тоа ‘ѓубре’ е една опасна, феноменална личност со која тој е опседнат, а таа немилосрдно го остава, дефинитивно ми се допадна песната“ – вели таа.
Инаку, таа вели дека била сосема рамнодушна кон неговите стихови, па станала брзо и си заминала, затоа што веќе имала нова љубов, па воопшто не реагирала кога познатата песна на Бора, некој ѝ ја пуштил и на свадбата.
Но, Биљана откри дека таа вечер кога Бора ѝ ја прочитал песната „Остани ѓубре до краја“, настанала уште една позната песна на бендот – „Два динара друже“...
„Станав и си заминав од ресторанот, а тој со солзи во очите тргна кон тоалетот. Затоа што немаше ниту денар во џебот, додека излегуваше, вработената го опомена: ‘Еј, два динара, друже’, што беше сосема доволно за да ја напише песната...“
Доказ дека Бора навистина бил лудо вљубен во Биљана е и тоа што 30 години подоцна ќе ѝ посвети уште една песна: „Последна песма о теби“...
Таа денес е посветена мајка и баба и е посветена на семејството и ужива во пензионерските денови.
Б. С. Б. | Црнобело / фото: Фејсбук
Би можело да ве интересира:





