Му раскинала заради друг маж и си заминала – Како изгледа денес жената на која Бора Чорба ѝ ја посвети песната „Остани ѓубре до краја“?

„Сите мислат дека сум куклата, но јас сум ѓубрето...“ – свеовремено поранешната девојка на Бора Чорба, Биљана Невајда Шевиќ раскажа како настанале најпознатите песни на „Рибља чорба“ и кои од нив ѝ се посветени нејзе. Како денес изгледа фаталната жена, во која рокерот бил лудо вљубен? Доказ дека Бора навистина бил лудо вљубен во Биљана е и тоа што 30 години подоцна ќе ѝ посвети уште една песна: „Последна песма о теби“...

mu-raskinala-zaradi-drug-mazh-i-si-zaminala-kako-izgleda-denes-zhenata-na-koja-bora-chorba-i-ja-posveti-pesnata-ostani-gjubre-do-kraja-01.jpg

Кога ќе се спомне името на бендот „Рибља чорба“, постојат две песни што остануваат како најзапаметени: „Лутка са насловне стране“ и „Остани ѓубре до краја“.

Интересно е што и двете песни ѝ се посветени на истата жена, во која фронтменот на групата Бора Ѓорѓевиќ своевремено бил лудо вљубен, а освен нив, ѝ посветил уште две познати песни, од кои едната е напишана 30 години по нивната врска.

mu-raskinala-zaradi-drug-mazh-i-si-zaminala-kako-izgleda-denes-zhenata-na-koja-bora-chorba-i-ja-posveti-pesnata-ostani-gjubre-do-kraja-15.jpg

Бора Ѓорѓевиќ краток период бил во врска со популарната југословенска манекенка од 70-тите години, Биљана Невајда Шевиќ.

Таа во светот на манекенството влегла, пред сѐ, заради својата височина, а претходно се занимавала со гимнастика. Во тој период додека немало премногу манекенки на просторите на поранешна Југославија, Биљана била една од најпопуларните манекенки.

mu-raskinala-zaradi-drug-mazh-i-si-zaminala-kako-izgleda-denes-zhenata-na-koja-bora-chorba-i-ja-posveti-pesnata-ostani-gjubre-do-kraja-02.jpg

Многумина веруваат дека нејзе ѝ е посветена песната „Лутка са насловне стране“, но во една пригода таа откри дека таа не е „куклата“, туку „ѓубрето“.

Имено, Бора и Биљана се запознале во редакцијата на некогашното списание „Нада“ за време на една вечер што била посветена на жените амбасадори, каде и убавата манекенка била гостинка, а за забавата биле задолжени Бора Чорба и Ѓорѓе Балашевиќ.

Бора ја видел Биљана, додека ја пеел песната „Лутка са насловне стране“ и веднаш му се допаднала, а тоа што цела вечер гледал во неа, многумина го поврзале како знак дека песната ѝ е посветена нејзе.

mu-raskinala-zaradi-drug-mazh-i-si-zaminala-kako-izgleda-denes-zhenata-na-koja-bora-chorba-i-ja-posveti-pesnata-ostani-gjubre-do-kraja-03.jpg

Нивната врска ја започнале десетина дена подоцна, откако сосема случајно се сретнале во Сплит и размениле телефонски броеви.

Но, врската траела само шест месеци, затоа што Биљана вели дека никогаш не можела целосно да му верува и сметала дека нема да може да се потпре на него, а дополнително се вљубила во друг маж и два месеци по раскинувањето со Бора, одлучила да се пресели во Сараево, каде се омажила и станала мајка.

mu-raskinala-zaradi-drug-mazh-i-si-zaminala-kako-izgleda-denes-zhenata-na-koja-bora-chorba-i-ja-posveti-pesnata-ostani-gjubre-do-kraja-10.jpg

Нејзе ѝ се посветени три песни на „Рибља чорба“: „Лутка са насловне стране“, „Остани ѓубре до краја“, „Посљедна песма о теби“, а песната „Два динара друже“ е инспирирана од вечерта кога таа сурово му раскинала.

Во едно интервју Биљана јавно зборуваше за тоа како се чувствува заради тоа што нејзе ѝ се посветени некои од најпопуларните песни на Бора:

„Иако на прв поглед звучи апсурно, вистината е дека секој што ги знае текстовите на овие песни на Чорба знае дека е многу подобро да се биде главна хероина во песната ‘Остани ѓубре до краја’“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Српски пејачи кои биле уапсени (и завршиле во притвор) Теа Таировиќ била фатена со непријавени пари, Раста со дрога, а Бора Чорба обива...
Пар од шоуто „Задруга“ на раб на егзистенција: Двајцата се тешко болни, имаат 6 деца Раде и Рада Васиќ се брачен пар од Србија кој се прослави со контроверзното ре...
Колешките се „вкочануваат“ кога снимаат секс сцени со него, дава скандалозни изјави – Факти за Вук К... Познат е по скандалозните изјави, откри дека за време на снимањето на секс сцени...
Девојката на Бака Прасе неодолива на заедничкиот одмор во Будва, по критиките дека никогаш не патува... Бака Прасе и Ања Бла за првпат заедно отидоа на одмор годинава, но Ања откако се...
Скандалите на Гоца Тржан со бившиот сопруг продолжуваат - Таа го нарече „најголема грешка во животот... „Не следам и не читам што кажува мојот поранешен сопруг за мене. Често се шегува...
Беше во врска со 24 години помлада жена, откако добија син се разделија: Хрватскиот актер од „Изборо... Изнесе скандалозни тврдења дека поранешната партнерка не му дозволува да го глед...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg