Првиот сопруг на Наташа Беквалац објави нејзини голи фотки, го обвинуваа за афери и јавно кажа: „Ми олесни откако се разведовме“

objavi-nejzini-goli-sliki-go-obvinuvaa-za-aferi-a-sega-prviot-soprug-na-natasha-bekvalac-tvrdi-mi-olesna-otkako-se-razvedovme-06.jpg

Исто така, имаше пишувања и дека Данило во болницата се вљубил во медицинската сестра Милица Дражин со која ја изневерил Наташа, што тој своевремено ги демантираше.

Неодамна, Данило повторно се осврна на разводот, но, очигледно, малку го променил мислењето за тоа што се случувало:

„По несреќата следеше и разводот на бракот, но несреќата не влијаеше премногу на разводот.

Тоа веќе се распаѓаше со Наташа. Секако би се случило.

Нови Сад не беше мојата средина, тоа не беше мојот град. Таму доаѓав и заминував, бев на таа релација.

Но, правев сѐ за да се вратам дома во Белград. Ми беше тешко заради пишувањата во медиумите.

По разводот почувствував олеснување, како да симнав некој ранец од грбот“ – вели тој.

objavi-nejzini-goli-sliki-go-obvinuvaa-za-aferi-a-sega-prviot-soprug-na-natasha-bekvalac-tvrdi-mi-olesna-otkako-se-razvedovme-03.jpg

Инаку, Данило бил во брак трипати. Со сопругата Ања, која важи за мошне повлечена жена, ја доби ќерката Андреа. А тие се разведоа во 2003-та година.

Од 2005-та до 2011-та година беше во брак со Наташа Беквалац, а од 2016-та година е во брак со одбојкарката Маја Огњеновиќ.

objavi-nejzini-goli-sliki-go-obvinuvaa-za-aferi-a-sega-prviot-soprug-na-natasha-bekvalac-tvrdi-mi-olesna-otkako-se-razvedovme-09.jpg

Инаку, пред неколку години, јавноста беше изненадена кога во повеќе српски медиуми беа објавени фотографии од медениот месец на Наташа и Данило, на кои пејачката е во топлес издание.

Во тоа време се тврдеше дека Данило сам им ги дал фотографиите на медиумите, затоа што тие со години биле во неговата приватна архива.

Фотографиите од Наташа се достапни ТУКА.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Наташа Беквалац (46) стана вирален хит со изјавата за љубовниот живот: „Состојбата е тага, горчина и... „Јас имам 46 години и тоа што порано го можев за 3 дена, сега не го можам за 3 н...
Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“ Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана...
Наташа Беквалац блеска на море во Црна Гора, без грам шминка, со сестра си - не се знае која е позго... „Можеби само ти треба поинаков воздух. Отсекогаш сонував за живот покрај море и ...
„Данило ме изневери, се иселив од дома пред несреќата“ - Наташа Беквалац по 14 години искрено за раз... „Мојот брак со Данило заврши пред неговата несреќа. Во моментот кога му се случи...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...

Најчитани неделава