„Ме крена на фрижидер, ме силуваше додека децата во другата соба ја рецитираа ‘Оче Наш’“ - Милена Радуловиќ повторно на суд

Дали пенетрираше во вас за време на силувањето? Дали ве лижеше или ве допираше со усните? Дали намерно не носевте хулахопки, за да му олесните? Ова се дел од прашањата на адвокатот на Мика Алексиќ што ѝ беа поставени на Милена Радуловиќ. Актерката повторно се соочи со професорот што ја силувал додека била 17-годишно девојче.

me-krena-na-frizhider-me-siluvashe-dodeka-decata-vo-drugata-soba-ja-recitiraa-oche-nash-milena-radulovikj-povtorno-na-sud-01.jpg

Српската актерка Милена Радуловиќ (28) ја продолжува својата борба против Мирослав Мика Алексиќ (71), кој е обвинет дека во своето училиште за глума вршел полово вознемирување и сексуално малтретирање на своите студентки.

Таа во текот на вчерашниот ден (19.10) повторно се соочи на суд со учителот кој ја силувал и ја малтретирал кога таа била 17-годишно девојче.

Милена раскажа пред судот, како Мика ја силувал додека имало деца во другата просторија, а потоа за казна ја натерал да држи монолог пред децата и не смеела да плаче.

me-krena-na-frizhider-me-siluvashe-dodeka-decata-vo-drugata-soba-ja-recitiraa-oche-nash-milena-radulovikj-povtorno-na-sud-02.jpg

„Тоа беше детски час, дојдов малку порано. Се подготвував за приeмен испит, а да го одбиев тогаш ќе бев исфрлена од школото, ќе ја создадеше најужасната приказна за мене и ќе манипулираше со сите“ – изјавила Милена пред судот.

Српските медиуми ја пренесуваат нејзината изјава пред судот, во која таа детално го опишува сексуалното малтретирање што го преживеала тој ден во 2013-та година.

„Во тоа време час имаа мали деца, помлада група. Ги следеше со погледот сѐ додека сите не влегоа во салата, сакаше да биде сигурен, па почека да почнат да ја рецитираат ‘Оче наш’ и брзозборките, а потоа стана од столот на којшто седеше и ме зграпчи за тилот со едната рака, со другата за задникот и почна да ми го пика јазикот во уста.

me-krena-na-frizhider-me-siluvashe-dodeka-decata-vo-drugata-soba-ja-recitiraa-oche-nash-milena-radulovikj-povtorno-na-sud-05.jpg

Се обидов да го оттурнам, но не успеав.

Потоа, ми го крена капутот и пенетрираше со еден, па потоа со два и на крај со три прсти. Од болка се кревав на прсти, затоа што беше многу груб, тестираше колку прсти може да стави. Кога ги извади прстите и ги помириса, ми рече: ‘Добра си ќерко’, а тоа беше одвратно, ми се гадеше“ – раскажа таа.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Таа блеска, син ѝ е насмеан како никогаш досега: Северина го живее најубавото лето во животот во Хрв... Таа е доказ дека кога се сака не се може и дека битката е изгубена само тогаш ко...
Била мажена кога се запознале, 42 години имаа среќен брак - Љубовната приказна на Габи Новак и Арсен... „Таа имаше живот пред мене, а имав и јас. Но, еден ден сфатив дека ми е предодре...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Северина на 35 години матура со соучениците и класниот: „Им дојдов како маскота, но сепак ми се раду... „Ова беше прекрасна матурска вечер од 35 години со овие прекрасни мали идиоти, о...
Српска водителка со исповед: „Пред 12 години, на Бадник, лежев во болница и се молев на Бога за опер... Снежана Дакиќ имала комплексна интервенција на мозочните крвни садови во Германи...

Најчитани неделава