Наташа Беквалац (43) за односот со сестрите: „Со Кристина до скоро се тепавме, Драгана често ме казнуваше и бркаше во ќош“

„Кристина и јас до неодамна се тепавме. Ама, вистински се тепавме. Некогаш овие тепачки беа толку страшни, а несогласувањата меѓу нас големи, што една со друга си се заканувавме со сè и сешто. Не знаеме на друг начин да ги решиме несогласувањата, освен со викање и тепање. Отсекогаш сме се тепале“, призна Беквалац.

natasha-bekvalac-za-odnosot-so-sestrite-so-kristina-do-skoro-se-tepavme-dragana-chesto-me-kaznuvashe-i-brkashe-vo-kjosh-01.jpg

Пејачката Наташа Беквалац секогаш нагласувала дека нејзините две сестри, Кристина (40) и Драгана (51), ѝ се најголемата потпора во животот и најдобри пријателки.

И покрај тоа, таа не крие дека помеѓу нив имало и големи несогласувања. А тие некогаш биле до толку големи што сестрите често знаеле и да се степаат.

Иако тепачките и кавгите обично завршуваат во детството или во тинејџерските години, Наташа во едно неодамнешно интервју призна дека таа и Кристина дури неодамна престанале да се тепаат.

„Срам ми е да кажам, но јас и Кристина до неодамна се тепавме. Ама, вистински се тепавме.

Некогаш овие тепачки беа толку страшни, а несогласувањата меѓу нас големи, што една со друга си се заканувавме со сè и сешто, а велевме и дека ќе ја прекинеме деловната соработка.

Јас и Кристина не знаеме на друг начин да ги решиме несогласувањата, освен со викање и тепање.

Отсекогаш сме се тепале. Најчесто знаевме да се степаме за ситници“, призна Беквалац.

natasha-bekvalac-za-odnosot-so-sestrite-so-kristina-do-skoro-se-tepavme-dragana-chesto-me-kaznuvashe-i-brkashe-vo-kjosh-05.jpg

Иако секојпат кога е во јавноста со сестрите, трите се среќни и насмеани, Наташа вели дека како и во секое семејство, така и во нивното има многу несогласувања и проблеми.

„Не знам како е во другите семејства, но нашите расправии се жестоки.

Се закануваме една на друга, се влечеме за коса, викаме. Но, мислам дека тоа е така секаде“, додала Наташа.

natasha-bekvalac-za-odnosot-so-sestrite-so-kristina-do-skoro-se-tepavme-dragana-chesto-me-kaznuvashe-i-brkashe-vo-kjosh-03.jpg

Нејзината постара сестра Драгана, која ретко се појавува во медиумите, во едно дамнешно интервју раскажа за односот со двете помали сестри, па и таа потврди дека отсекогаш нивните сестрински расправии биле жестоки.

„Разликата во години меѓу нас е голема, а јас уште како мала се чувствував како да сум им мајка. Во тоа време ми беа голем товар, не сакаа да ме слушаат за ништо.

Викав по нив, пробував да ги дисциплинирам, но не успевав. Кога ќе претераа, знаев да ги пратам во ќош, а потоа им се заканував дека ќе ги тепам ако им кажат за тоа на нашите родители.

Кога ќе размислам половина од времето кога ги чував јас, Наташа и Кристина го поминаа во некој агол, и казнети молчеа“, рекла Драгана.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Наташа Беквалац (46) стана вирален хит со изјавата за љубовниот живот: „Состојбата е тага, горчина и... „Јас имам 46 години и тоа што порано го можев за 3 дена, сега не го можам за 3 н...
Наташа Беквалац блеска на море во Црна Гора, без грам шминка, со сестра си - не се знае која е позго... „Можеби само ти треба поинаков воздух. Отсекогаш сонував за живот покрај море и ...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Прва изјава на Цеца: „Си отидов ден пред да се породи Анастасија, тие нека слават, јас едвај чекам д... „Јас сум богата жена. Одлично се и Анастасија и внукот. Морав да се вратам од Шп...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...

Најчитани неделава