Цеца за Анастасија: „Разбирам зошто не си доаѓа, најголемата болка годинава ја доживеав заради неа“

„Годината беше шаренолика. Имав многу успешни концерти, многу радости, среќа, а имав и еден дел каде доживеав огромна тага и болка кога станува збор за Анастасија“ – Цеца Ражнатовиќ се обиде во една реченица да сумира како ѝ поминала 2023, а откри кој ѝ бил најтешкиот период.

ceca-za-anastasija-razbiram-zoshto-ne-si-doagja-najgolemata-bolka-godinava-ja-dozhiveav-zaradi-nea-01.jpg

Српската пејачка Цеца Ражнатовиќ во изјава за српските медиуми зборуваше за тоа како ја поминала 2023-та година, а рече дека најголемата болка ја доживеала во периодот кога Анастасија го загуби бебето во петтиот месец од бременоста.

Цеца вчера (18.12) имаше слава во својот дом. Таа го слави празникот Свети Никола, а според пишувањата во медиумите Анастасија, која летово стапи во брак со фудбалерот Немања Гудељ, не дошла во домот на нејзината мајка и одлучила да остане во Шпанија, од каде неодамна сподели фотографии.

„Анастасија е сега во Шпанија, оправдано е отсутна. Не застана со кариерата, јас целосно ги разбирам нејзините приоритети, таа би сакала да прави семејство. Јас во тоа целосно ја поддржувам“ – изјави претходно Цеца.

ceca-za-anastasija-razbiram-zoshto-ne-si-doagja-najgolemata-bolka-godinava-ja-dozhiveav-zaradi-nea-03.jpg

Што се однесува за изминатата година, Цеца во друга изјава рече дека таа била променлива.

Во семејството добија нов член, Вељко го доби вториот син Жељко, Анастасија го загуби бебето, па потоа објавија дека снаата Богдана повторно е бремена и го очекуваат третото дете.

ceca-za-anastasija-razbiram-zoshto-ne-si-doagja-najgolemata-bolka-godinava-ja-dozhiveav-zaradi-nea-02.jpg

Цеца се обиде во една реченица да ја опише годината што изминува и откри кој ѝ бил најболниот период во 2023-та:

„Годината беше шаренолика. Имав многу успешни концерти, многу радости, среќа, а имав и еден дел каде доживеав огромна тага и болка кога станува збор за Анастасија.

Па, пак радосни вести, Богдана и Вељко чекаат трето бебе, момче.

Не можам да кажам дека годината беше грозна, ниту дека беше блескава, но сепак, велам животот оди понатаму, се гледа на позитивното, важно ми е тоа што мојата ќерка е добро“ – нагласи Цеца.

ceca-za-anastasija-razbiram-zoshto-ne-si-doagja-najgolemata-bolka-godinava-ja-dozhiveav-zaradi-nea-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“ Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана...
Цеца носела пиштол со себе - Детали за убиството на Аркан пред 26 години „Некои жени ми бранеа да излезам од бутикот, а Ѕвонко врескаше: ‘Командантот е у...
Цеца за животот како млада девојка: „Кај маж ми бев принцеза, кај мајка ми морав да готвам и да чист... „На мајка ми ѝ велев, Боже кога ќе се омажам, има слуги да ме служат, само да не...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Цеца (52) без грам шминка се снима додека пее со македонски пејач - Oткри најслаба била со 54kg, а с... На видеото со Иван Милевски пејачката изгледа свежо и негувано дури и без шминка...

Најчитани неделава