„Во мојата зграда живее дете со аутизам и немам мир, каде да пријавам?“: Објава на Фејсбук предизвика лавина реакции во Србија

Во Фејсбук група за правна помош, корисник од Србија се пожалил дека во неговата зграда живее дете со аутизам кое правело врева. Тој прашува каде може да се пожали за ова. Во српска емисија, мајка на дете со аутизам зборува за ваквите злобни коментари и предрасудите со коишто се соочила.

vo-mojata-zgrada-zhivee-dete-so-autizam-i-nemam-mir-kade-da-prijavam-objava-na-fejsbuk-predizvika-lavina-reakcii-vo-srbija-01.jpg

За жал, факт е дека постојат многу предрасуди и стереотипи за лицата кои страдаат од аутизам.

Ова го потврдува и емисија на српската телевизија Prva televizija, каде што водителката разговара со мајка на дете со аутизам.

На почетокот, водителката споделува објава на Фејсбук кој предизвикала лавина реакции во Србија.

Објавата, односно прашањето било споделено на група за правна помош и гласи:

„Во зградата во којашто живеам, под мене има аутистични деца и буквално немам мир 24/7. Знаете ли можеби на кој начин може да се реши тоа?“

vo-mojata-zgrada-zhivee-dete-so-autizam-i-nemam-mir-kade-da-prijavam-objava-na-fejsbuk-predizvika-lavina-reakcii-vo-srbija-04.jpg

На прашањето дали самата се соочила со нешто вакво, гостинката во емисијата одговара:

„Интересно, но јас не. Затоа што веројатно сум имала среќа да живеам во мала зграда со четири стана, и некако тоа ви е веќе семејство. Тоа е поразлично, зарем не?

Но, низ годините јас сум голем активист во цела Србија и сум имала многу повици од родители – плачење, тужби, што ќе биде, како ќе биде… Кога мене ќе ми се јават тие родители, јас останувам без збор.

Јас не можам да верувам што воопшто се случува и зошто тоа се случува“.

vo-mojata-zgrada-zhivee-dete-so-autizam-i-nemam-mir-kade-da-prijavam-objava-na-fejsbuk-predizvika-lavina-reakcii-vo-srbija-02.jpg

Жената додава дека се прашува дали луѓето кои се закануваат со тужби и слично се свесни дека аутизмот е појава со која може да се соочи секој.

На прашањето како реагирала кога ја прочитала објавата на Фејсбук, жената одговара:

„Кога ќе прочитам коментар кој навистина е напишан со разбирање, тогаш гледам дека за нас има надеж. Дека за нас родителите и нашите деца има надеж. Дека подобро ќе нè разберат.

Но, кога ќе прочитам коментари кои се страшни, коментари кои велат 'Ослободи се од тоа дете, дај го во дом', многу се вознемирувам. Значи, мојот син повеќе не е таков, тоа е една фаза што поминала.

Но, многу се вознемирувам и емотивно се враќам во период кога ни јас сама не сум знаела што се случува со него“.

vo-mojata-zgrada-zhivee-dete-so-autizam-i-nemam-mir-kade-da-prijavam-objava-na-fejsbuk-predizvika-lavina-reakcii-vo-srbija-03.jpg

Инсертот од емисијата е објавен на Инстаграм, а во коментари бројни корисници го искажуваат својот револт кон оние кои не покажуваат разбирање за лицата со аутизам, но споделуваат и свои искуства:

„На кого му пречи дете, па тоа и дете со здравствен проблем, добро нека се запраша што не е во ред со него и од каде толку злоба и бесчувствителност“.

„Секој може да го снајде болест, затоа луѓето треба да имаат разбирање за другите“.

„На кого му пречи, нека си најде подобар стан. Јас самата сум мајка на дете со аутизам – кој нема разбирање, може малку да се едуцира бидејќи едно од десет деца има аутизам и може да му се случи на кого било. Треба да се зголеми свеста за аутизмот. Како општество се чини дека сме многу заостанати, но сега повеќе се зборува за ова, па можеби има надеж“.

„Како мајка на аутистично дете, можам само да кажам срамота за тој човек“.

„Нам двапати ни викнаа полиција бидејќи детето кое не зборува, правело многу врева…“

Погледнете го видеото:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кое е ветувањето што Реља Поповиќ ѝ го дал на мајка му Зоја, но никогаш нема да може да го исполни? Луксузни одмори, патувања, скап автомобил, скапа облека... Реља Поповиќ денес зн...
„Те сакам, сине“: Татко напиша порака во снег пред Детската клиника во Белград Пораката што таткото ја напиша во снегот за своето болно дете, предизвика многу ...
Беше во врска со 24 години помлада жена, откако добија син се разделија: Хрватскиот актер од „Изборо... Изнесе скандалозни тврдења дека поранешната партнерка не му дозволува да го глед...
Се родил без знаци на живот, мислеле дека ќе има трајни последици – Како изгледа денес постариот бра... Познато е дека српскиот музичар Михајло Веруовиќ Војаж ретко споделува детали од...
Марија Шерифовиќ стана мајкa: „Љубовта пристигна во мојот живот“ „Љубовта ми пристигна. Небото го осветли најубавата ѕвезда во мојот живот“ – нап...
„За да добие пари од мене, мора да ми роди барем 2 деца“ – Што зборуваше првиот сопруг на Јелена Кар... Постапката за развод била завршена за неколку дена. Бојан ја извадил бурмата вед...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg