Студентка по туризам и ќерка на спортски судија – Која е убавата Албанка, која е избрана за „Miss Earth 2023“?

На албанската јавност ѝ е позната како презентерка и ќерка на познат спортски судија. Која е Дрита Зири, Албанката која е избрана за „Miss Earth 2023“?

studentka-po-turizam-i-kjerka-na-sportski-sudija-koja-e-ubavata-albanka-koja-e-izbrana-za-miss-earth-2023-01.jpg

Албанката Дрита Зири (18) е избрана за една од најубавите жена во светот - таа победи на изборот „Miss Earth 2023“ и стана првата Албанка која успеала да освои победа на светски натпревари за убавина.

studentka-po-turizam-i-kjerka-na-sportski-sudija-koja-e-ubavata-albanka-koja-e-izbrana-za-miss-earth-2023-03.jpg

Натпреварувањето годинава се одржа во Виетнам, а Дрита успеа да го освои првото место во конкуренција на 84 натпреварувачки од целиот свет.

studentka-po-turizam-i-kjerka-na-sportski-sudija-koja-e-ubavata-albanka-koja-e-izbrana-za-miss-earth-2023-04.jpg

Како новата „Miss Earth“ амбасадорка, таа ќе треба да се вклучи во поткревањето на свеста за заштита на планетата Земја и животната средина.

View this post on Instagram

A post shared by Drita Ziri (@drita_ziri)

Ова е огромен успех за младата Албанка која во 2022 беше избрана за „Мис Албанија“, а успеа да го освои второто место на натпреварот „Miss Globe“.

Што знаеме за неа?

Дрита Зири потекнува од Фруше Круја, а во Албанија е најпозната како ќерка на познатиот фудбалски судија Блерим Зирит.

Таа е студентка по туризам и менаџмент, а работи и како телевизиска презентерка. На Инстаграм има речиси 50.000 следбеници кои редовно ги следат нејзините објави.

За време на натпреварувањето, Дрита ја освои публиката благодарение на нејзините интелигентни одговори на англиски јазик.

Погледнете повеќе нејзини фотки на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Сама ги воспита, ги учела да не бидат мамини мази – Лидија Вукичевиќ е горда на синовите Кога станува збор за нејзините синови, не пропушта прилика а да не каже дека тие...
„Плоче“ и уште 7 најубави бич барови и ресторани на плажите во Црна Гора Листа од некои од најубавите барови и ресторани покрај плажа во Црна Гора, кои н...
Пар од шоуто „Задруга“ на раб на егзистенција: Двајцата се тешко болни, имаат 6 деца Раде и Рада Васиќ се брачен пар од Србија кој се прослави со контроверзното ре...
Ја отпеа „Тек је 12 сати“, на 53 години изгледа подобро отколку во младоста – Каде е денес Вана од „... „Откако ја снимивме ‘Тек је 12 сати’, веќе ништо не беше исто. Песната стана мег...
Убава и префинета - Која е Озгу Каја, актерката што игра во турската серија „Три сестри“? Нејзиниот живот изгледа како од бајките, но зад затворени врати таа е само една ...
Првата жена пилот во Turkish Airlines: „Мајка ми ми велеше дека ова не е женска професија“ „Бев многу мала кога ѝ кажав на мајка ми дека сакам да бидам пилот, а таа ми одг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg