Глумеше во серија која доби Еми награда: Каде е денес Дениз од „Кога лисјата паѓаат“?

Убавата турска актерка ги освои срцата на нашата публиката со улогите во сериите „Карасевда“ (единствената турска серија која има освоено Еми награда), „Бескрајна љубов“, како и „Ќерката на амбасадорот“. Денес е во среќен брак и уште се занимава со глума.

dobi-emi-nagrada-vo-brak-e-so-kolega-kade-e-denes-deniz-od-serijata-koga-lisjata-pagjaat-01.jpg

Македонската јавност првпат ја гледаше Неслихан Атаѓул во турската серија „Кога лисјата паѓаат“ каде што ја глумеше Дениз.

Оваа улога ја добила додека била студент на Универзитетот Једитепе во Турција.

Својата кариера најпрво ја започнала како модел, а на филмското платно дебитирала во 2006 година.

deniz-od-serijata-koga-lisjata-pagaat-05.jpg

Родена е на 20 август 1992 година во Истанбул, а со оглед на тоа што е релативно млада, таа веќе има постигнато голем успех во актерството.

deniz-od-serijata-koga-lisjata-pagaat-06.jpg

Добитник е на бројни награди за нејзините други улоги, вклучувајќи ја и наградата за најдобра актерка на Меѓународниот филмски фестивал во Токио и наградата Златна пеперутка во Турција.

Покрај тоа, серијата „Карасевда“ во која глуми и таа е првата турска серија што ја добила престижната Еми награда.

glumeshe-vo-serija-koja-dobi-emi-nagrada-kade-e-denes-deniz-od-koga-lisjata-pagjaat-13.jpg

Во брак е со турскиот актер Кадир Догулу, кој ѝ го освоил срцето на снимање на една од сериите. Се венчаа по тригодишна врска на Босфор, во градината на познат хотел во Истанбул.

Но, минатата година на големо се пишуваше дека Кадир Догулу ја изневерува сопругата.

glumeshe-vo-serija-koja-dobi-emi-nagrada-kade-e-denes-deniz-od-koga-lisjata-pagjaat-03.jpg

Наводно, актерот бил фотографиран во ноќен клуб со друга жена, а дел од турските медиуми објавија дури и дека склучил и верски брак со неа.

Неслихан се огласи по овие тврдења и истакна дека не е вистина она што се пишува во медиумите. 

„Што и да кажам, сите знаат дека сè што се зборува е нереално. Што и да кажам, секој суди и коментира.

Реков и пак ќе повторам - сè што се пишува се работи кои не се реални, среќни сме и презадоволни од нашата врска. Нема да се разведеме“.

glumeshe-vo-serija-koja-dobi-emi-nagrada-kade-e-denes-deniz-od-koga-lisjata-pagjaat-04.jpg

Кадир, пак, на овие тврдења одговори така што истакна дека е комуникативна личност која разговара со други, но тоа е сè.

„Немам друга жена, оженет сум само со Неслихан“, низ смеа ги коментираше Кадир наводите дека се оженил со друга.

Повеќе фотки на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
Основачот на EXIT емотивен за годишнината од смртта на сопругата, со која доби 3 деца: „Постојано е ... „Кога ме прашуваат како сум, кажувам дека со три мали деца, немам друга опција о...
Јована Јеремиќ: „Многу жени свеќи треба да ми палат - им ги праќав мажите назад дома“ „Тој маж да знаел да ја усреќи својата жена, немаше да дојде кај тебе. Јас ги вр...
Српски писател со вирален статус за Дарко Лазиќ: „Сериозно, ќе го тужам за душевната болка што ми ја... „Ни крив ни должен, дознав сè за Дарко Лазиќ... Дека се здебелил, дека ослабел, ...
Спиел со преку 350 жени, има деца со 3 од нив - Кои се најголемите љубови на Дарко Лазиќ? Една го обвини дека ја малтретирал, друга, наводно, го остави поради неверство, ...

Најчитани неделава