Каде се денес актерите од „Кога лисјата паѓаат“?

Таткото Али Риза, мајката Хајрие, петте деца, ќерките Фикрет, Лејла, Неџла и Ајше и синот Шевкет од серијата „Кога лисјата паѓаат“ ја освоија публиката и во Македонија. Што прават и како изгледаат актерите денес?

akteri-koga-lisjata-pagaat-01.jpg

Турската серија „Кога лисјата паѓаат“ е снимена од 2006 до 2010 година и стана хит на Балканот.

Ова беше меѓу првите турски серии кои се емитуваа кај нас, па веројатно нема некој кој не изгледал барем епизода-две.

Како изгледаат и што прават денес актерите од популарната серија?

Шевкет

Ликот на Шевкет го толкуваше турскиот актер Џанер Куртаран роден на 26 октомври 1978 година во Истанбул.

Уште од мали нозе сакал да се занимава со актерство, дипломирал глума на отсекот театар и работел во Државниот театар во Истанбул.

View this post on Instagram

A post shared by caner kurtaran (@canerkurtaran)

Во 2005 година ја добил првата телевизиска улога, а една година подоцна се појавува и во филмот „Долина на волците – Ирак“, кој се смета за најфинансиран во историјата на турската кинематографија и предизвика бројни контроверзии.

Сепак, како најголем печат на него да остави улогата на Шевкет Текин во серијата „Кога лисјата паѓаат“.

Актерот сними дури 95 епизоди играјќи го синот на главниот лик Али Риза, но поради недолично однесување, беше исфрлен од серијата и на негово место дојде Хасан Кучукчетин.

Џанер подоцна призна дека не можел да се справи со големата популарност.

„По некое време го загубив животот и Шевкет стана сè. Сите го гледаа само него во мене. Шевкет го голтна Џанер, а јас веројатно самиот дозволив.

Се најдов себеси додека бев во војска, кога луѓето сакаа да ми бидат пријатели поради мене, а не поради улогата“, изјави актерот, кој извесно време помина и на лекување од зависности.

Тоа беше вест број еден во турските медиуми во тоа време, а Џанер еднаш изјави дека улогата на Шевкет лошо влијаела на него.

Во 2016 година, тој се ожени со костимографката Ајшегул Картал.

Лејла

За актерката Гокче Бахадир, по завршувањето на серијата се пишуваше доста, особено за нејзиниот љубовен живот.

Гокче во 2011 година се омажи за популарниот турски актер Али Сунал, син на познатиот актер и комичар Кемал Сунал. Сепак, набрзо таа откри дека веќе се развела, а бракот траел само седум месеци.

Оттука почнаа шпекулациите дека причината е неверство, но тие не коментираа за гласините.

„Се венчавме од голема љубов, но решивме да се разведеме бидејќи патиштата ни се разделија“, изјави тогаш Гокче Бахадир.

Меѓутоа, по разводот Гокче повторно ја пронајде љубовта. Оттогаш таа имаше неколку врски, а на почетокот на 2022 година се омажи за Емир Ерсој, познат турски музичар.

Инаку Гокче Бахадир е родена во Истанбул во 1981 година, а во родниот град дипломирала на Факултетот за комуникации, на Катедрата за радио и телевизија, по што студирала глума.

Неџла

Ликот на Неџла Текин го играше познатата турска актерка Фахрије Евџен која денес можеби е и најекспонирана во медиумите.

Таа е во брак со Бурак Озџивит и важат за еден од најубавите парови во Турција.

Тие ги имаат двата сина Каран и Керем.

Нивната љубовна приказна започнала од 2013-та година, кога се запознале за време на снимањето на серијата Çalıkuşu (Дневникот на Фериде).

Во 2016-тата година, кога Фахрије организирала забава по повод 32-иот роденден на Бурак, не ни помислувала дека токму таа вечер тој ќе ја побара за жена.

По 4 месеци направиле и официјална свршувачка во Германија, каде ја тој побара раката на Фахрије од нејзиниот татко. Стапија во брак само по неколку месеци, а за меден месец отпатуваа на Малдиви.

Фахрије ја остави кариерата настрана поради мајчинството, а интересно е што поради вниманието што го привлекуваат, Бурак и Фахрије ги нарекуваат турските Бред и Анџелина.

Инаку Фахрије Евџен е родена на 4 јуни 1986 година. Таа е турска актерка и модел со германско потекло.

Успеала да се здобие со две дипломи: едната за менаџмент, другата за социологија и одлично зборува германски, англиски и турски јазик.

Додека студирала на Универзитетот Хајнрих-Хајне во Дизелдорф и имала 19 години, добила понуда да глуми во ТВ-серија, па уште пред да ги заврши студиите, се преселила во Истанбул.

Потоа играше во серијата „Кога лисјата паѓаат“ каде ја глумеше Неџла Текин. Оваа улога ѝ ја отвори вратата за многу други улоги.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Видео кое го згрози регионот: Босанскиот рапер Буба Корели ја влече девојката за коса на улица + сит... „Се надевам дека ова го гледаат девојчиња и жени кои одат на настапите на Буба К...
Сама ги воспита, ги учела да не бидат мамини мази – Лидија Вукичевиќ е горда на синовите Кога станува збор за нејзините синови, не пропушта прилика а да не каже дека тие...
„Плоче“ и уште 7 најубави бич барови и ресторани на плажите во Црна Гора Листа од некои од најубавите барови и ресторани покрај плажа во Црна Гора, кои н...
Пар од шоуто „Задруга“ на раб на егзистенција: Двајцата се тешко болни, имаат 6 деца Раде и Рада Васиќ се брачен пар од Србија кој се прослави со контроверзното ре...
Првата жена пилот во Turkish Airlines: „Мајка ми ми велеше дека ова не е женска професија“ „Бев многу мала кога ѝ кажав на мајка ми дека сакам да бидам пилот, а таа ми одг...
Колешките се „вкочануваат“ кога снимаат секс сцени со него, дава скандалозни изјави – Факти за Вук К... Познат е по скандалозните изјави, откри дека за време на снимањето на секс сцени...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg