Се сеќавате ли на згодната српска пекарка од Varljivo leto ’68 – Како изгледа актерката во седмата деценија од животот?

Ја паметите ли Јагодинка од „Varljivo leto '68“? Иако работела на многу други проекти, оваа улога ѝ ја обележала кариерата. Како изгледа денес актерката и што прави?

se-sekjavate-li-na-zgodnata-srpska-pekarka-od-varljivo-leto-68-kako-izgleda-akterkata-vo-sedmata-decenija-od-zhivotot01_copy.jpg

Српката актерка Драгана Варагиќ е родена на 7 април 1957 година во Краљево.

Дипломирала глума на Факултетот за драмски уметности, а специјализирала на Институтот Шекспир во Стратфорд, Англија.

Во текот на својата кариера таа работела на различни проекти, но сепак остана запаметена како пекарката Јагодинка Симоновиќ од „Varljivo leto '68“.

beshe-edna-od-najzgodnite-pekarki-vo-srbija-akerkata-dragana-varagikj-e-na-pragot-od-sedmata-decenija-od-zivotot-12.jpgфото: YouTube

Своевремено акерката изјавила дека само убави емоции ја врзуваат за таа улога.

Таа улога била речиси единствената комична во нејзиниот репертоар трагедии и сериозни ликови кои ги играла во Народниот театар.

Актерот Славко Штимац, кој во овој филм го глуми Петар, во кој е вљубена Јагодинка, многупати за медиумите изјавил дека му е жал што од целиот филм најзапаметена е нивната љубовна сцена.

beshe-edna-od-najzgodnite-pekarki-vo-srbija-akerkata-dragana-varagikj-e-na-pragot-od-sedmata-decenija-od-zivotot-14.jpgфото: YouTube

Драгана имала 27 години кога ја снимала таа сцена, но нејзината кариера ја обележале и други улоги.

Кон крајот на 80-тите се омажила за карикатуристот Душан Петричевиќ, а во 1988 година ја добиле ќерката Михаила.

beshe-edna-od-najzgodnite-pekarki-vo-srbija-akerkata-dragana-varagikj-e-na-pragot-od-sedmata-decenija-od-zivotot-09.jpg

На почетокот на 90-тите таа одлучила животот да го продолжи во Канада.

„Во Канада сѐ е испланирано. Исклучително се цени приватноста и лојалноста. Канада е земја која обрнува внимание на проблемите и ги решава. Не е сè идеално, но има постојана грижа.

Ако нешто не ви се допаѓа на кое било ниво, постојат начини тоа да го промените. Не е секогаш сè едноставно, но постои начин.

Добрата организација се цени и самите сте одговорни за активно решавање на вашите проблеми. Пензионерите волонтираат во болници, училишта и прифатилишта.

Би сакала еден ден младите кои заминале да се вратат овде со знаењето кое го стекнале во светот“, рекла Драгана за српскиот магазин Бука.

beshe-edna-od-najzgodnite-pekarki-vo-srbija-akerkata-dragana-varagikj-e-na-pragot-od-sedmata-decenija-od-zivotot-06.jpg

По неколку години живот во Канада, во 2012 година Драгана повторно се врати во Србија и продолжи да работи како актерка.

Повеќе нејзини фотографии погледнете на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Роди 3 деца, изгледа како од модна писта – Сања Кужет (42) ужива во одморот без грам шминка, пред да... „Најдебела бев во бременoст, се здебелив 18kg, ама за 6 месеци се вратив во лини...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...

Најчитани неделава