Има 2 брака и два сина од нив, не сака ниту да помисли пак да се жени – Факти за водителот Жика Јакшиќ

Авторот и водител на музичкото шоу „Никогаш не е доцна“, Жика Јакшиќ позитивната енергија ја должи на своите наследници, синовите Андрија и Душан кои ги доби од двата брака.

zika-jaksic-zivot.jpg

Во јавноста малку се пишуваше за постариот син кој го доби од бракот со првата сопруга Снежана со која биле заедно 10 години.

Жика не крие колку е благодарен на Снежана што успеала од нивниот син да направи успешен млад човек со кој и двајцата се гордеат.

Снежана и Андрија живееле во Германија каде тој се образовал, бил најдобар студент на својата генерација, а потоа магистрирал на Факултетот за вина во Германија и станал најмладиот енолог таму.

Како еден од најдобрите студенти Андрија добил понуди да работи на престижни европски институти, но на инсистирање на Жика, тој дошол во Србија па сега живеат заедно.

„Работата со вино е многу сериозна.

Тоа го започна мојот син Андрија. Тој е најобразован Србин во тој поглед, тој е господар на енологија (наука која го изучува виното од сите аспекти, од бербата на грозје до производство и складирање на вино) –истакна Жика во едно интервју за српски „Свет“.

View this post on Instagram

A post shared by Zika Jaksic (@zika.jaksic)

„Сакав да го надоместам пропуштеното време со него, па сега живееме како цимери.

Тој е исклучително професионален, а првото вино што го направи ги освои највисоките меѓународни награди.

Иако тој можеше да ја работи таа работа каде и да посака во светот, почнувајќи од Калифорнија, преку Канада, Париз и сите други дестинации, успеав да го задржам во Србија и сега тој работи тука.

Од осум натпревари на кои отиде нашето вино, тој освои исто толку медали. Пет златни, два сребрени и еден бронзен.

Мојот син го направи своето прво вино во 2016 година, како ремек-дело, а последните две години работата се одвива многу сериозно – истакна Жика.

За бракот на Жика Јакшиќ со втората сопруга водителката Дајана Пауновиќ, која беше 20 години помлада од него се пишуваше многу во јавноста. Тие се венчаа во 2010-та година, а се разведоа 7 години подоцна.

Од бракот тие го имаат синот Душан (11), а и по разводот се согласуваат одлично.

Дајана јавно истакна дека таа и Жика се пример дека понекогаш партнерите подобро функционираат по разводот.

Со поранешните сопруги има пријателски и коректен однос

Иако по разделбата многу парови не се во добри односи, сепак според Жика тоа не е добра одлука бидејќи според него децата се она нешто што ги поврзува за целиот живот.

Во интервју за „Блиц“ тој откри дека има одлични односи со двете поранешни сопруги а нивната заедничка цел се токму синовите Душан и Андрија.

„А зошто да немам добар однос со бившите сопруги? Тие беа мојот избор во одреден период од мојот живот, а успеавме да одржиме добри односи бидејќи сме рационални и зрели луѓе.

Никој никого не повредил толку многу што не постои нешто што не може да се надмине поради заедничка цел - нашите деца да не страдаат поради нашиот пораз.

Ние сме вечно поврзани преку нашите наследници и секогаш ќе им бидам благодарен што ми го дадоа моето најголемо богатство.

Сметам дека брачните другари треба да останат во контакт и да се почитуваат по разводот заради децата и заради себе. Носењето горчина во себе може да биде пат до злобна болест.

Останав пријател и со првата и со втората сопруга, истакна Жика.

Душан и Андрија се многу блиски и се среќни кога се заедно, а тоа е резултат токму на добрите меѓусебни односи на родителите.

Ја сака слободата, не сака долги врски...

Жика неколкупати јавно истакна дека не сака долги врски и не може да живее заедно со друга личност бидејќи слободата му е поважна од се. Во повеќе наврати изјавил дека и двата брака му се распаднале затоа што е премногу независен и не знае како да живее во заедница.

„Тоа значи дека најдов мир, дека сум опкружен со прекрасни луѓе, но и дека не сум осамен.

Кај мене секогаш нешто се случува на тој фронт, сепак морам да признаам дека веќе немам големи очекувања на таа тема.

Повеќе не сум способен за класична врска или живот со некого. Живеам динамично, не се поднесувам самиот, а камоли (да поднесувам) друга личност.

Слободата ја купив на 16 години, кога играв на свадби заработував повеќе од двајцата родители и не можам да дозволам некој да го наруши тоа.

В. К. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Сама ги воспита, ги учела да не бидат мамини мази – Лидија Вукичевиќ е горда на синовите Кога станува збор за нејзините синови, не пропушта прилика а да не каже дека тие...
Босанец на 85 години се ожени со 38 години помлада жена: „Со години ѝ помагав додека беше во брак со... „Еден ден таа дојде овде и заплака и ми рече дека веќе не може да издржи со сопр...
Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...
„Плоче“ и уште 7 најубави бич барови и ресторани на плажите во Црна Гора Листа од некои од најубавите барови и ресторани покрај плажа во Црна Гора, кои н...
Пар од шоуто „Задруга“ на раб на егзистенција: Двајцата се тешко болни, имаат 6 деца Раде и Рада Васиќ се брачен пар од Србија кој се прослави со контроверзното ре...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg