Убава и префинета - Која е Озгу Каја, актерката што игра во турската серија „Три сестри“?

Нејзиниот живот изгледа како од бајките, но зад затворени врати таа е само една тажна осамена девојка која се бори за да го придобие сопругот. Што знаеме за актерката што ја толкува улогата на Туркан во серијата „Три сестри“?

turkan-od-serijata-trite-sestri-01.jpg

Убавата Турчинка, Каја Озгу, македонската публика има прилика да ја гледа секој ден во серијата „Трите сестри“.

Дефинитивно актерката која ја игра улогата на Туркан, ја фасцинира публиката со својата убавина и префинетост, а многумина се заинтригирани што ќе се случува во бракот со богатиот Сомер.

Каја Озгу ја игра улогата на најголемата сестра во серијата, која се бори за љубовта на Сомер, кој го толкува актерот Беркер Ѓувен.

Родена е на 5 февруари 1996 година во Истанбу, а во светот на глумата влегла на возраст од 21 година, во 2017 година.

turkan-od-serijata-trite-sestri-02.jpg

Освен што е добра актерка, Каја Озгу се занимава со пеење и свири на гитара и пијано.

Пред извесно време во турските медиуми се пишуваше дека започнала врска со актерот Бурак Сердар.

View this post on Instagram

A post shared by Burak Serdar Şanal (@serdarsanal)

Тие беа заедно кратко време по што раскинале, а актерката истакнала дека врската ја завршиле мирно, без конфликти.

За улогата на Туркан, Озгу Каја добива многу пофалби, а во едно свое неодамнешно интервју зборуваше за серијата и нејзиниот лик кој го толкува во оваа турска ТВ серија.

turkan-od-serijata-trite-sestri-03.jpg

„Од самиот почеток нашите гледачи веруваа и веруваат во врската меѓу Туркан и Сомер и сакаат тие да бидат среќни.

Во исто време, тие сакаат Туркан да стане силна и да има свое јас, додека таа поминува низ многу тешкотии.

Во последно време нејзината врска со Сомер е во криза. Не е чудно, секоја врска има свои проблеми.

ubava-i-prefineta-koja-e-ozgu-kaja-akterkata-shto-igra-vo-turskata-serija-tri-sestri-02.jpg

Меѓутоа, кога првата нишка од врската на Сомер и Туркан пукна и тие се бореа за љубов, таа се чувствуваше како да е сама. Таа немаше поддршка од семејството и почна да се бори и да стане независна жена.

Приказната за Туркан, која е силна жена и започна сѐ од почеток, ми е неверојатно мотивирачка. Реакциите што ги добивам од гледачите укажуваат дека Туркан тешко простува, но дури и кога го прави тоа станува многу тешко да се добие нејзината доверба.

ubava-i-prefineta-koja-e-ozgu-kaja-akterkata-shto-igra-vo-turskata-serija-tri-sestri-03.jpg

Ајде да видиме дали Сомер може да ги освои срцата на гледачите и Туркан. Со нетрпение го очекувам секој чекор и секоја нова епизода во која глумам“ - истакна актерката, а пренесе порталот tvexposed.net.

Озгу на Инстаграм ја следат над 2 милиони следбеници, а прекрасната насмевка, сјајната коса и темните очи буквално ги остава без здив нејзините обожаватели.

Погледнете повеќе нејзини фотки на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Плоче“ и уште 7 најубави бич барови и ресторани на плажите во Црна Гора Листа од некои од најубавите барови и ресторани покрај плажа во Црна Гора, кои н...
Сама ги воспита, ги учела да не бидат мамини мази – Лидија Вукичевиќ е горда на синовите Кога станува збор за нејзините синови, не пропушта прилика а да не каже дека тие...
Пар од шоуто „Задруга“ на раб на егзистенција: Двајцата се тешко болни, имаат 6 деца Раде и Рада Васиќ се брачен пар од Србија кој се прослави со контроверзното ре...
Првата жена пилот во Turkish Airlines: „Мајка ми ми велеше дека ова не е женска професија“ „Бев многу мала кога ѝ кажав на мајка ми дека сакам да бидам пилот, а таа ми одг...
Ја отпеа „Тек је 12 сати“, на 53 години изгледа подобро отколку во младоста – Каде е денес Вана од „... „Откако ја снимивме ‘Тек је 12 сати’, веќе ништо не беше исто. Песната стана мег...
Заради сопругот се откажа од кариерата, а тој ја напушти прерано – Факти за турската актерка со маке... По првиот срцев удар на сопругот побегнале на село, за да живеат мирен и повлече...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg