„Не им се доближувајте“ – Во Хрватска издадено предупредување откако девојка пливаше со делфин

„Без ризик нема забава. На почетокот малку ни беше страв, затоа што се уплашивме дека е некој вид на ајкула“ - вели девојката која објави видео како плива со делфин на Крк во Хрватска. Набрзо потоа, беше објавено предупредување од престижен поморски институт.

vo-hrvatska-izdadeno-predupreduvanje-zaradi-delfin-na-plazha-bidete-vnimatelni-01.jpg

Пред само неколку дена една девојка сподели видео за хрватските медиуми во кое покажа како плива со делфин на хрватскиот остров Крк, а набрзо потоа и престижен институт во земјата излезе со соопштение.

vo-hrvatska-izdadeno-predupreduvanje-zaradi-delfin-na-plazha-bidete-vnimatelni-02.jpg

Хрватскиот портал 24.sata.hr минатата недела го објави видеото добиено од читателка на кое се гледа како таа плива со делфин во близина на островот Крк.

„Ова не може да им се случи на сите, ниту пак се случува секој ден. Ваква можност имаат само некои посебни луѓе, а ние денес бевме тука.

Реално, чувството е неописливо и некои луѓе тоа не можат да го доживеат во својот живот.

Ни се пружа можност, каква што се добива еднаш во животот.

Без ризик нема забава. На почетокот малку ни беше страв, затоа што се уплашивме дека е некој вид на ајкула.

Но, пливаше околу нашиот брод, половина час, па ризикувавме“ – појаснила девојката за медиумот.

@24sata

‘Riskirali smo jer se to događa samo jednom’ 😍#24sata #dupin #krk #hrvatska #viral

♬ original sound - 24sata

Но, иако многумина коментираат дека ѝ завидуваат на оваа „среќничка“ и веднаш почнаа да ја прашуваат каде точно на Крк е снимено видеото, властите и стручните служби во земјата не се согласуваат со нив.

Институтот Blue World излезе со официјално соопштение

?ref=embed_post" target="_blank" rel="noopener">на својата Фејсбук страница, каде појасни зошто е најдобро луѓето да се воздржуваат од блиски средби и контакти со делфините, ако случајно им се доближат во нивното природно опкружување.

„Внимание до сите пливачи!

Во Јадранското Море, во близина на Крк, забележан е обичен краткоклунест делфин, кој се однесува необично – се задржува на бреговите и пристаништата и им дозволува на луѓето да му пријдат.

Оваа единка ја следиме веќе 2 години и таа е во добра општа состојба. Не покажува надворешни знаци на болести, нормално плива и не гладува.

Но, оваа одредена единка е осамен (солитарен) делфин кој е одвоен од остатокот на неговиот вид, заради непознати причини.

vo-hrvatska-izdadeno-predupreduvanje-zaradi-delfin-na-plazha-bidete-vnimatelni-03.jpg

Мораме да бидеме свесни дека интензивната интеракција со луѓето, неминовно претставува ризик, како за делфинот, така и за човекот.

Делфините може да ни пренесат голем број сериозни болести, како што се туберкулоза и лептоспироза.

Подеднакво и луѓето за време на блиските контакти може на популацијата на делфините да им пренесат болести што може да предизвикаат угинување на голем број животни.

Затоа, пливањето со нив, а особено допирањето, би требало целосно да се избегнува.

Делфините се строго заштитени животни и забрането е нивно вознемирување (обид за хранење, пливање, допирање или прогонување)“ – се вели во соопштението.

vo-hrvatska-izdadeno-predupreduvanje-zaradi-delfin-na-plazha-bidete-vnimatelni-04.jpg

Оттаму препорачуваат дека е најдобро делфините да се набљудуваат од далечина, да не им се приближувате со брод или со пливање и во никој случај да не се обидувате да ги храните.

vo-hrvatska-izdadeno-predupreduvanje-zaradi-delfin-na-plazha-bidete-vnimatelni-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хрватска старлета обвинета дека си „направи“ дечко со AI - таа го покажа и вели: „Ме запроси“ „Се запознавме случајно. И не кријам дека бил во затвор, му подметнале дрога“, р...
Вирално видео: Северина падна на бина среде концерт, триумфално ги крена рацете и продолжи да пее Додека пееше и скокаше на бината, Северина се сопна и падна пред целата публика,...
Девојка му нацрта патики на Јаков Јозиновиќ и го трогна со потегот - таа со солзи откако виде како и... „Ова го нацрта ти? Не е ChatGPT?“ - вели Јаков воодушевен од потегот на девојка ...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Хрватска пејачка со апел: „Жената не треба да му биде роб на мажот, и на децата - нема мама е мама, ... „Јас самата сум си секогаш приоритет. Ако сум ненаспана, нервозна или уморна, то...
Еди од Хрватска за животот со ХИВ: „Станав коска и кожа, се отвораа рани, имав СИДА, но решив да се ... „Не влегов во тој однос без заштита, тоа можам да го кажам. но, се случи“, вели ...

Најчитани неделава