Татко ѝ не ѝ давал да носи градници како мала, сега таа прави корекции и се разголува – Што знаеме за ќерката на Харис Џиновиќ?

Ужива во луксузот кои нејзините родители ѝ го овозможиле додека нив ги немало дома, но барањата да биде поумерена и строгото воспитување биле залудни – ќерката на Харис Џиновиќ и Мелина, уште пред да наполни 20 години почна да се разголува и да позира провокативно на Инстаграм, но и со корекции на телото.

tatko-i-ne-i-daval-da-nosi-gradnici-kako-mala-sega-objavuva-provokativni-fotki-od-sebe-kjerkata-na-haris-djinovikj-i-melina-01.jpg

Ќерката на фолк пејачот Харис Џиновиќ и модната креаторка Мелина, уште од млади години стана Инстаграм и ТикТок ѕвезда.

Џина Џиновиќ (20) стана препознатлива по нејзините полуголи и провокативни фотки, но и оние на кои го покажува луксузот во кој живее, скапата облека, а и пластичните операции и козметички процедури на лицето.

Уште пред неколку години, пејачот имаше изјавено дека не сака да следи како неговата ќерка објавува фотки со напрчени усни и задник.

tatko-i-ne-i-daval-da-nosi-gradnici-kako-mala-sega-objavuva-provokativni-fotki-od-sebe-kjerkata-na-haris-djinovikj-i-melina--3.jpg

Мелина пак, многу години пред разводот кој се случи неодамна, откри дека Харис бил многу строг и дека многу работи не ѝ дозволувал на ќерката уште кога била помлада.

„Не ѝ дозволува на ќерката да носи градник. Не сум јас крива за тоа, туку Харис. Тој сака ќерката да му остане подолго време дете, па не смее да се користи шминка, градник и слично. Малку ми е жал, мислам дека првото излегување ќе го дочека на 20 години“.

Сепак, реалноста е дека очигледно Џина била премногу своеглава, па уште пред 20-тата година имаше филери во усните, корекција на носот и градите, а нејзините полуголи фотки беа популарни на социјалните мрежи.

tatko-i-ne-i-daval-da-nosi-gradnici-kako-mala-sega-objavuva-provokativni-fotki-od-sebe-kjerkata-na-haris-djinovikj-i-melina--2.jpg

Прочитајте и „Изгледав како носот да ми расте од челото“ – Ќерката на Харис и Мелина Џиновиќ за пластичните операции

За разлика од неа, нејзиниот брат Кан ретко се експонира во јавност, а нивната мајка во една прилика призна дека децата им се израснати чергарски.

„Никогаш не сум поминувала многу време дома, независно колку е убава куќата, не сум таков тип. Научена сум на патувања, дружења, излегувања. Од почетокот на бракот не живеев вообичаено, прво заради работата на Харис, потоа заради мојата.

Децата се воспитани малку чергарски, навикнати се да не сме тука, но никогаш ништо не им недостасувало. Околу нив секогаш имало многу луѓе кои ги сакаат и се грижат за нив – мојата сестра, брат, мајка, татко.

Тоа беше одлично за нивната емотивна самостојност. Никогаш не биле врзани за мене на тој начин да плачат ако не сум покрај нив“ – изјавила таа за медиумите.

Очигледно тоа сега влијае на самостојноста на Џина, која не слуша многу што родителите мислат, туку го прави тоа што го сака и покрај барањата на татко ѝ да биде поумерена со објавите на социјалните мрежи. 

Инаку, Џина го одржува своето тело фит со редовно вежбање, а има отворено зборувано за проблемите со акните на лицето на пубертетот, заради кои многу внимавала на исхраната. 

Во една прилика, за српските медиуми кажала дека нема намера да се занимава професионално со пеење како нејзиниот татко, но и дека нема храброст да запее пред него бидејќи ѝ е срам. 

tatko-i-ne-i-daval-da-nosi-gradnici-kako-mala-sega-taa-pravi-korekcii-i-se-razgoluva-shto-znaeme-za-kjerkata-na-haris-djinovikj-i-melina--.jpg

Погледнете повеќе фотки од Џина на Инстаграм:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Гените се чудо: Ќерката на Гоца Тржан порасна во вистинска убавица - ужива на јахта со другарките Откако прослави полнолетство, Лена почна поинтензивно да објавува фотографии на ...
Татко ѝ признал дека е геј и ја напуштил на 2 години, ќерка ѝ почина мистериозно - Тешката судбина н... „Кај татко ми отидов заедно со мојот сопруг, 20 години откако ме напушти. Негови...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Српска водителка: „Мајка ми се омажи за татко ми за 7 дена, јас за саканиот за 1 месец“ „Се омажив за Бранко, кој е воен пилот... По само месец и пол врска решивме да с...
Харис Џиновиќ за бившата Мелина: „Не можам да ја наречам дама, премногу ѝ давав слобода, ѝ здосадив“... „Кога реков дека премногу давав, не мислев на финансискиот дел, туку на слободат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg