Зошто Ана Михајловски ги тера сите жени да престанат да чистат дома?

Српската водителка Ана Михајловски сними видео како ја чисти тоалетната школка, мести кревети, пушта машина за перење и ги повикува жените да престанат со вршење на куќните обврски. Зошто го прави ова?

zoshto-ana-mihajlovski-gi-tera-site-zheni-da-prestanat-da-rabotat-doma-01.jpg

Ана Михајловски e српска ТВ водителка, која на македонската публика ѝ е најпозната по тоа што ги водеше емисиите „Операција Триумф“, „Твоето лице звучи познато“ и „Ѕвездичките на Пинк“.

Таа повеќе од две децении гради успешна телевизиска кариера, а честопати го привлекува вниманието и заради случувањата во нејзиниот приватен живот, но и со тоа што секогаш јавно говори за своите ставови.

Токму така е и сега со огласување на темата колку жените работат повеќе од мажите во домаќинството и колку оваа нивна работа не е ценета од страна на партнерите.

Taa во соработка со организацијата UN Women Serbia сними моќно видео со кое ги повикува жените на бунт и им порачува на 29-ти октомври да престанат со целата работа во домаќинството.

Говорот на Ана, во видеото снимено додека чисти дома, гласи:

„Дали сте знаеле дека жените, без разлика дали се вработени или не, поминуваат двојно повеќе време во работа дома за разлика од мажите?

zoshto-ana-mihajlovski-gi-tera-site-zheni-da-prestanat-da-rabotat-doma-03.jpg

94% од жените кои работат пократко од полно работно време, како причина за тоа ја наведуваат токму грижата за децата и другите членови од семејството.

Оние жени кој се во брак и со дете на возраст до 7 години поминуваат цело работно време вршејќи неплатени домашни работи.

zoshto-ana-mihajlovski-gi-tera-site-zheni-da-prestanat-da-rabotat-doma-04_copy.jpg

Вкупната годишна вредност на неплатената работа во рамките на домаќинството чини дури 21.5 проценти од БДП во Република Србија.

Одржувањето на домаќинството, готвењето, пеглањето, набавката на намирници, грижата за болните членови на семејството или за старите членови на семејството нерамномерно е распоредена помеѓу мажите и жените.

zoshto-ana-mihajlovski-gi-tera-site-zheni-da-prestanat-da-rabotat-doma-02.jpg

На 29-ти октомври го одбележуваме Меѓународниот ден за нега и поддршка со цел и во Србија да стане традиција.

Затоа ги повикувам сите жени на 29-ти октомври едноставно да прекинат со работење дома.

Престанете со работење и заедно да ја покажеме значајноста и вредноста на нашето работење“.

Погледнете го видеото:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“ Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана...
Прва изјава на Цеца: „Си отидов ден пред да се породи Анастасија, тие нека слават, јас едвај чекам д... „Јас сум богата жена. Одлично се и Анастасија и внукот. Морав да се вратам од Шп...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Еди од Хрватска за животот со ХИВ: „Станав коска и кожа, се отвораа рани, имав СИДА, но решив да се ... „Не влегов во тој однос без заштита, тоа можам да го кажам. но, се случи“, вели ...
Ана Бебиќ (39) од „Операција Триумф“ објави ретка семејна фотка - И денес е убавица и без грам шминк... Нашиот Александар Белов беше миленикот на публиката, но не успеа да ја понесе по...

Најчитани неделава