Солун добива метро: По 20 години чекање, локалците и туристите ќе се спасат од сообраќајниот хаос

Цената на метро билет во Солун ќе биде 0,60 евра за 1 час возење, а од еден до друг крај на градот ќе се стигнува за 17 минути. По 20 години чекање Солун добива метро.

solun-dobiva-metro-vo-brzite-vozovi-mozhe-da-se-vleguva-i-so-velosiped-a-dozvoleni-se-i-milenici-01.jpg

По две децении работа, во сабота (30.11) Солун конечно ќе добие метро.

Веќе е најавено свеченото отворање, на кое треба да присуствуваат голем број политичари и јавни личности, а црвената лента ќе ја пресече премиерот на државата Кирјакос Мицотакис.

Се очекува дека со воведувањето на метрото во Солун ќе се реши огромниот проблем со метежот, а значително ќе се забрза патувањето од еден до друг дел во градот.

solun-dobiva-metro-vo-brzite-vozovi-mozhe-da-se-vleguva-i-so-velosiped-a-dozvoleni-se-i-milenici-02.jpg

Ќе бидат отворени вкупно 13 станици, а цената на билетот ќе чини 0, 60 центи за еден час, додека дневниот билет ќе чини 2,5 евра.

Во периодите на најголемиот сообраќаен метеж возовите ќе тргнуваат на секои 3,5 минути.

solun-dobiva-metro-vo-brzite-vozovi-mozhe-da-se-vleguva-i-so-velosiped-a-dozvoleni-se-i-milenici-03.jpg

Како што е најавено, во метрото ќе биде дозволено влегување со велосипед (со тоа што е дозволено носење на најмногу 2 велосипеди во секој воз) и со миленици, кои треба да се сместени во соодветни транспортери.

Се проценува дека патувањето од еден до друг крај на градот ќе трае околу 17 минути, што во изминатите години беше невозможна мисија низ сообраќајниот метеж.

solun-dobiva-metro-vo-brzite-vozovi-mozhe-da-se-vleguva-i-so-velosiped-a-dozvoleni-se-i-milenici-04.jpg

Инаку, изградбата на метрото во Солун започнала во 2003-та година, но за време на ископувањата биле најдени голем број историски артефакти, како пат од римското доба, грчки гробници и мозаици.

solun-dobiva-metro-vo-brzite-vozovi-mozhe-da-se-vleguva-i-so-velosiped-a-dozvoleni-se-i-milenici-05.jpg

Со пронаоѓањето на секој локалитет, изградбата на метрото дополнително беше одложувана, а досега се најдени вкупно 300.000 артeфакти.

Голем број од овие артефакти се изложени на станиците на метрото, но постапките за нивно ископување и заштита се покажале како мошне скапи, заради што изградбата на метрото чинела околу 3 милијарди евра.

solun-dobiva-metro-vo-brzite-vozovi-mozhe-da-se-vleguva-i-so-velosiped-a-dozvoleni-se-i-milenici-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Koлку милиони има заработено Душко Тошиќ + Какви луксузни имоти поседуваат со Карлеуша? Душко Тошиќ во периодот од 2015 до 2020 година заработил неверојатни 18 милиони ...
На Мирослав Илиќ му се доволно 3.000€, Аца Лукас скромен со 1.200€ - Колку троши српската естрада ме... „Живеам сосема нормално, како повеќето луѓе. Имам трошоци, комуналии, храна и су...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Чини 5 милиони евра, има 2.000 огледала - Српскиот „бог на веѓите“, кој наплаќа по 600 евра, се пофа... Самонаречениот „бог на веѓите“, Адам Адактар, кој своевремено откри дека за 600 ...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...

Најчитани неделава