„Тоа е мојата девојка“ – Најубавата балада на Самарџиќ е посветена за неговата сопруга и нивната љубов која трае половина век

„Марина Туцаковиќ одамна напиша и посвети една песна на мојата сопруга“ – рече романтичниот Жељко во една прилика, за баладата во која пее за љубовта со саканата Маја, која одолеала на сите предизвици, како и соочувањето со стареењето. Знаете ли која е?

toa-e-mojata-devojka-najubavata-balada-na-samardjikj-e-posvetena-za-negovata-24-godini-pomlada-sopruga-i-nivnata-ljubov-01.jpg

Марина Туцаковиќ, која почина во 2021 година, е текстописец на голем број од најубавите песни на изведувачите од екс-ју музичката сцена.

Помеѓу богатото портфолио на текстови, се наоѓа и една од баладите на Жељко Самарџиќ, за која ретко кој знае дека всушност таа ја посветила на неговата сопруга.

Жељко во една прилика, во емисијата „Premijera“, раскажа дека песната ја опишува нивната долгогодишна љубов која победила во секоја битка, одолеала на сите замки и предизвици, меѓу кои е и стареењето и зачувувањето на емоциите.

toa-e-mojata-devojka-najubavata-balada-na-samardjikj-e-posvetena-za-negovata-24-godini-pomlada-sopruga-i-nivnata-ljubov-02.jpg

Пејачот е 4 години постар од својата сакана Маја, a живеат во складна љубов и хармонија речиси 5 децении.

„Марина еднаш одамна ѝ посвети песна на мојата сопруга. Иако тоа е ‘нејзина’ песна, јас на своите концерти им ја посветувам на сите жени кои полека влегуваат во сериозни години. Станува збор за песната ‘Pokaži mi šta znaš’“.

За потсетување, дел од стиховите на песната, преведени на македонски, гласат:

„Покажи ми што знаеш,
дека уште си најдобра кога ме освојуваш,
дека уште си најубава кога ќе се дотераш,
дека уште си најлуда кога ќе ми ги дадеш усните.
Покажи ми што знаеш,
дека уште си царица,
да кажам ‘Види ја, тоа е мојата девојка’,
и на себе да си го доделам најлошиот прекар
ако некогаш друга посакам“.

Инаку, тој е секогаш емотивен кога зборува за саканата Маја, со која е заедно 45 години, но и за ќерките и внуците кои му се најголема гордост. 

Во интервју за CRNOBELO.com во април 2023, Жељко рече:

Во брак сме 45 години и заедно пребродивме многу убави, но и тешки животни моменти.

Си бевме рамо за плачење, издржавме и се боревме за љубовната среќа и така е од моментот кога посакав моите деца неа да ја викаат „мама“.

toa-e-mojata-devojka-najubavata-balada-na-samardjikj-e-posvetena-za-negovata-24-godini-pomlada-sopruga-i-nivnata-ljubov-03.jpg

Прочитајте повеќе: „Пред 45 години успеав да ја заведам единствената жена која посакав да ми роди деца“ – Жељко Самарџиќ за бракот и кариерата

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
Сопруга на српски фудбалер купи бебешка количка за ќерка ѝ од 3.200 евра - мислењата поделени Фудбалскиот голман Предраг Рајковиќ заработува одлично, па неговата сопруга Ана ...
Мима Караџиќ ја остави 35 години помладата девојка, бидејќи сакала брак - и си фати нова, атрактивна... Тој важи за вечен ерген и повторно има нова девојка млада убавица. Со бившата бе...
Игор Којиќ првпат објави фотка со новата девојка - Се вљуби во 27-годишна мисица, по двата разводи Николина е двојно помлада од поранешната сопруга на Игор, Северина, која оваа го...
Саша Ковачевиќ објави официјални фотки од свадбата, парот очекува син: „Покрај тебе сè доби смисла“ „06.06.2026 Покрај тебе сè доби смисла, а овој ден е само круна на нашата љ...
По Северина, Игор Којиќ се ожени за 15 години помлада, се разведе за 5 месеци, a сега има нова женск... Неговата нова девојка неодамна седеше во ложата на концертот на Кеба покрај Игор...

Најчитани неделава