Се запознале кога имала 14 години, обвинувања дека ја тепал: Љубовната приказна на Чедо и Јелена Јовановиќ

Сепак, не почнале веднаш врска, но во еден момент Чедо сепак решил да ѝ пријде, зашто му се допаднале работите што таа ги напишала во формуларот.

„Разговаравме, но не ѝ предложив да излеземе, туку си реков дека мора да сум внимателен и да не направам глупост. И се држевме на дистанца сè до 5 октомври, кога се случи преврат во Србија.

Со Ѓинѓиќ знаевме дека таа ноќ ќе пробаат да нè уапсат, па се раздвоивме на две локации.

Јелена беше на локацијата кај што бев јас. Тогаш ѝ реков: Слушај, ова трае предолго, и бидејќи стигнав до крајот на животот што го живеев досега, дај да направам нешто што вреди, ако е навистина крај’. Од тој момент сме задено“, открил Чеда.

Парот се венча во 2003 година, по што добија 4 деца, а на кои им дадоа необични имиња - Јана Харт, Зора Фејт, Анѓелија Феј и Михајло Лајф.

se-zapoznale-koga-imala-14-godini-obvinuvanja-deka-ja-tepal-ljubovnata-prikazna-na-chedo-i-jelena-jovanovikj-06.jpg

Што знаеме за Јелена?

Родена е во местото Невесиња и откако се венча со Јовановиќ, му стана најголемата поддршка.

Сепак, ретко се појавуваше во јавноста со него и се трудеше да го чува приватниот живот подалеку од медиумите и да ги заштити децата од јавноста.

За неа се знае дека обожава екстремни спортови и дека вежба многу, па на тој начин ја одржува линијата.

Таа обожава и да готви, а Чедо често на својот Фејсбук споделуваше фотки од Јелена во кујната.

se-zapoznale-koga-imala-14-godini-obvinuvanja-deka-ja-tepal-ljubovnata-prikazna-na-chedo-i-jelena-jovanovikj-15.jpg

Семејно насилство

Иако навидум изгледаше дека нивната љубов е совршена, особено по раѓањето на четирите деца, не изостанаа ни скандалите.

Српските медиуми неколкупати пишуваа дека Чедо ја изневерил Јелена, по што таа сакала да го напушти, но никогаш не потврдија дека се разделуваат.

Најголемиот скандал се случи во 2022 кога мајката на Јелена го пријавила Чедо за семејно насилство.

se-zapoznale-koga-imala-14-godini-obvinuvanja-deka-ja-tepal-ljubovnata-prikazna-na-chedo-i-jelena-jovanovikj-09.jpg

Таа тврдела дека политичарот ја претепал ќерка ѝ, поради што Чедо бил сослушан во полициска станица на Нов Белград.

Во станицата било утврдено дека е позитивен на нарко-тест, поради што бил задржан.

Но, неколку дена потоа, парот на социјалните мрежи објави фотка на која се бакнува, во обид да демантираат дека веќе не се заедно.

se-zapoznale-koga-imala-14-godini-obvinuvanja-deka-ja-tepal-ljubovnata-prikazna-na-chedo-i-jelena-jovanovikj-12_copy.jpg

Барање за развод

Откако во февруари 2024 Јовановиќ поднел барање за развод, се отселил од семејниот дом на Нов Белград.

Тој сега живее сам, во вила во Земун.

Јовановиќ во вилата има и помош, од непознат маж, кој наводно се грижи за неговото здравје, бидејќи политичарот не е во најдобра здравствена состојба.

Низ годините тој имал 8 посериозни операции, меѓу кои и операцијата на рбетниот столб, а поради која, за малку ќе останел неподвижен.

se-zapoznale-koga-imala-14-godini-obvinuvanja-deka-ja-tepal-ljubovnata-prikazna-na-chedo-i-jelena-jovanovikj-08.jpg

Прочитајте и: По 25 години љубов, се разведува најубавиот српски политичар Чедо Јовановиќ: „Звучи лудо, но и понатаму ја сакам бескрајно“

А. Ј. | Црнобело / фото: Фејсбук



Би можело да ве интересира:

Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“ Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана...
Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос ... Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомну...
Сопругата на Амиџиќ: „Огњен може татко да ми биде, ама не ми е – со две деца е турбо, имам 52kg и не... „Мина е 100% природна, нема ни филери ни пластика, ни на усните“ - ја одбрани Ог...
Сопругата на Никола Роквиќ: „Отидовме сами на Бали на 5 дена – не можев подолго без децата“ „Прв пат без децата на одмор, по речиси 10 години... Од планираните 7 ноќи, скра...
Сопругата на Тарик Филиповиќ (53) прослави роденден во Виена - тој ја снима, таа блеска (видео) Вљубениот пар славеше во отмен ресторан во Виена, Лејла изгледа децении помладо,...

Најчитани неделава