Стана мајка на 42 години, завршила во кревет со колега додека сопругот ја барал - Се сеќавате ли на Тамара Грујиќ?
Оваа случка Тамара денес ја раскажува низ смеа.
„Бидејќи еднаш неделно менуваме хотели, често не знам каде се наоѓам, како се распоредени собите и слично.
Притоа, јас месечарам од својата 12-та година и сопругот често ме наоѓа во тоалетот, заспана врз шолјата, па ме води во соба.

Ваква една ситуација имав одамна, во еден хотел, во кој собите беа идентични, а до нив се стигнуваше низ тесен ходник.
Месечарејќи, излегов од тоалетот, и наместо во собата која ја делам со сопругот, сум влегла во собата на тонецот.
Сум почнала да му раскажувам што ќе треба да се снима во текот на следниот ден, а тој се преплашил бидејќи сум му раскажувала за локација и снимање што сме ги имале пред 2 години.
Кога сум му раскажала сè, сум си легнала покрај него, сум се покрила и сум заспала.

Сопругот во некој момент сфатил дека ме нема и два часа ме барал низ хотелот, а на крајот си рекол дека ќе се вратам штом се разбудам, и си легнал и тој.
Следното утро се разбудив покрај тонецот и бев бесна на него што не ме разбудил, а уште побесна на мажот што не ме нашол пред да заспие.
Инаку собата на тонецот беше преку пат од нашата, а јас наместо лево, сум влегла во собата десно“ - рекла таа.

Тамара сепак е исплашена дека додека месечари може да ја повреди ќерка си, која ја доби на 42 години.
Таа и сопругот долго се бореа за потомство и кога Тамара остана бремена по 40-тата година, беа пресреќни.
„Размислувавме и за ин-витро и додека се подготвувавме за процедурата, забременив по природен пат.
Мислам дека е тоа вистинско чудо, дека Бог ми ја дозволи оваа среќа за сите добри работи што ги направив за луѓето чии домови ги реновиравме со сопругот и целата екипа“, рекла Тамара.

Таа на 33 години имала спонтан абортус во кој го загубила бебето, а призна и дека уште еднаш потоа останала бремена, но морала да абортира поради кариерата и договорот што го имала со телевизијата.
Тамара и Вук денес ја имаат ќерката Ленка (која се роди 2019 година).

Грујиќ верува дека и девојчето месечари, бидејќи неколкупати ја „фатила“ како се буди ноќе, гледа наоколу со празен поглед, а потоа продолжува да спие.
Сепак, таа е среќна што сопругот и девојчето се постојано покрај неа и кога снима, бидејќи и по 8 месеци се надвор од Белград, па ги делат сите убави и неубави моменти заедно, како семејство.

А. Ј. | Црнобело